1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Странците имаат се’ повеќе шанси во Германија

Никогаш досега интеграцијата на странците во Германија не се променила толку како во последните две години. Нивните шанси за еднаквост се подобрени, се заклучува во најновиот извештај за странци.

Во областите јазик, образование, надобразба и пазар на труд регистриран е значителен напредок, изјави ополномоштеникот за интеграција во германската влада Марија Бемер при претставувањето на 9. извештај за положбата на странците во Германија. Извештајот е повеќе отколку само констатирање на состојбата. Тој содржи важни информации за идните предизвици за интеграцијата. Процесот на интеграција не е завршен, нагласи Бемер, туку тој се менува постојано. Покрај „работилницата за поправки“ ќе биде отворена и „работилница на иднината“. „Насоките на нашата интеграциона политика важат и во иднина“, уверена е Бемер. Кон ова се вбројува дијалогот со мигрантите, како на пример на самитот за интеграција и при германската исламска конференција.

Maria Böhmer Bericht Ausländer

Марија Бемер

15,7 милиони мигранти живеат во Германија. Речиси половината од нив имаат германско државјанство. Одлучувачки предуслов за успешна интеграција е да се владее германскиот јазик, смета Бемер. „Кој не зборува германски, е изолиран гостин во нашата земја. Затоа откако ги променивме насоките при интеграционата политика, важи правилото: поттикнување на изучување на јазикот од самиот почеток“.

Во градинките се’ повеќе деца со мигрантско потекло

Ополномоштеникот за интеграција Бемер е среќна, поради тоа што тоа се практикува во меѓувреме речиси на целата територија на Германија. Од извештајот произлегува дека се’ повеќе мигранти ги испраќаат своите деца во државни установи. Според извештајот, квотата на децата кои се згрижуваат под три години меѓу 2008. и 2010. година од 9,1 се покачи на 14 проценти. Кај три до шестгодишните деца квотата се покачи од 81,8 на 85,7 проценти.

Deutschland Kindergarten Berlin Kreuzberg Multikulti Ausländer

Детска градинка во Берлин

Бемер исто така знае дека мора да продолжи поттикнувањето за учење на јазикот во училиштата. Таа веќе гледа успеси. „Денес можам да ви кажам дека се’ повеќе странски ученици стекнуваат среден степен на образование, а исто така уделот на оние со повисоко образование се покачува“.

Уделот на странски ученици, кои го напуштаат училиштето со стручна диплома или матура, од 2005. до 2010. година се покачи за 36 проценти. Со статистиката се опфатени само младите кои имаат странско државјанство.

Премалку странци стекнуваат високо образование

Arbeitslosenzahlen

Бројот на невработени млади мигранти е повисок од нивните германски врсници

Меѓутоа разликата со германските ученици и натаму е голема. Меѓу нив секој трет, според Бемер, стекнува високо образование, меѓу странските ученици одвај секој шести го стекнува овој степен на образование. Квотата на учество во образовниот процес меѓу странските млади од 2009. до 2010. малку се покачи, но за споредба - уделот на германските млади со 65,4 проценти е двојно повисок.

Квотата на невработеност кај странците во периодот 2010. до 2011. од 18,2 опадна на 16,9 проценти. Меѓутоа, истакнува Бемер, квотата на невработеност меѓу странците е двојно повисока отколку кај Германците која изнесува 7,2 проценти.

Поголеми шанси за признавање на странските дипломи

Migration nach Deutschland

Курс за интеграција во Лајпциг

Во извештајот се споменуваат и лицата кои живеат во Германија, а во странство стекнале дипломи кои во Германија не биле признати. Со законот за признавање на странски дипломи кој стапи во сила  на 1. април, за многумина ќе се отворат нови можности, вели Бемер, така што ќе може да се прекине невработеност или пониско квалификуваните активности.

Според Бемер, охрабрувачки е што работодавачите засилено полагаат на потенцијалите на мигрантите. „Тоа значи дека тие ќе имат подобри шанси. Сите оние кои поседуваа стручни квалификации, кај нив нема повеќе да постои разликата, странци/Германци“.

Бемер размислува, со оглед на зголемениот број граѓани на ЕУ кои доаѓаат во Германија, и тие да имаа законско право за учество на курс по интеграција. „Потребно е доселувањето на квалификувана сила и интеграциајта да одат рака под рака. Не смееме да ги правиме грешките на минатото“, подвлекува Бемер.