1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Странски пари за американските избори

Пред изборите за американскиот конгрес, Демократската партија го сврте вниманието врз финансисрањето на изборната кампања на Републиканците. Неретко донатори се и странски фирми.

default

Американскиот конгрес

Највисокиот американски суд на почетокот на годината првпат со своја одлука овозможи речиси неограничени донации од здруженија, фирми и синдикати. Истовремено, оттогаш републиканците го блокираат законот кој предвидува барем јавно објавување на изворите на парите. Демократите се сомневаат дека токму на оваа законска дупка се должи необично високиот износ донации за нивните политички противници. Дали оваа стратегија ќе успее, е прашање. Инаку, странските концерни, меѓу нив и некои германски, одамна сосема легално се вмешуваат во американската изборна кампања.

Нетранспарентоста-опасност за демократијата

Гласот му беше зарипнат, но пораката беше јасна: американскиот претседател Барак Обама пред 4500 слушатели во Универзитетот Боуви Стејт во Мериленд зеде на заб одредени републикански донатори. Имиња не спомена, но на сите им беше јасно, мислеше на американската трговска комора, која уплати 75 милиони долари за изборната кампања на републиканците за 2010 година: „Вложуваат неограничени парични износи за реклами во кои се вршат напади на демократските кандидати, без да се знае кој се крие зад парите. Можно е да е нафтената индустрија или осигурателните компании, парите можеби доаѓаат од странски фирми, не знам, зашто немаат обврска јавно да соопштат.“

USA Wahlen Kongress Max Burns Georgia

На гласачите во моментов не им е најважно финансирањето на изборната кампања, фотографија од архива

Тоа не е само „опасност за демократите, туку за нашата демократија“, гласеше заклучокот на Обама.

Всушност, демократите досега не може да докажат дека изборната кампања на републиканците се плаќа и со странски пари, на пример од Кина. Другата страна пак не покажува намера да го објави потеклото на милионите, барањето на демократите на републиканците не им наштети.

Мнозинството Американци моментно имаат други грижи отколку финансирањето на изборната кампања.

Донации на странски фирми по легален пат

Весникот „Вашингтон пост“ меѓутоа, укажува на легалната улога која ја играат стотици странски фирми во американската политичка кампања преку нивните претставништва во САД. Тие смеат да основаат официјални политички акциони комитети, преку нив да собираат изборни донации. Во последната деценија ваквите комитети префрлиле околу 60 милиони долари на партиите или на одделни кандидати, од нив 12 милиони само во актуелниот изборен циклус во 2010 година. Од германските фирми досега се вбројуваат БАФС, Бајер, Сименс и ЕАДС. Со донирани околу 320 илјади долари Т-Мобиле САД се наоѓа на осмо место меѓу сите странски фирми кои учествуваат во американската актуелна изборна кампања. Документите на сојузната изборна комисија укажуваат дека 57 проценти од парите се уплатени на сметка на Демократската партија, а 43 проценти кај Републиканците. На врвот на табелата на странските донатори стојат белгискиот пивски концерн Анхаузер Буш, британската фирма за оружје БАЕ системс и британскиот фармацевтски концерн ГлаксоСмитКлајн со донирани од 513 илјади до 643 илјади долари.

07.11.2007 DW-TV Kultur.21 BASF ludwigshafen

БАСФ ги следи своите интереси

Демократската партија значи натпросечно профитира од овие донации, но се обиде да го ограничи влијанието на странските фирми на нивните филијали во САД. Демократите сакаат во иднина мултинационалните компании да важат за странски и да спречат нивните филијали да смеат да основаат политички акциони комитети. Републиканските сенатори го блокираа овој закон, на радост и на хемискиот концерн БАСФ, кој спаѓа во најжестоките анти-лобисти во Вашингтон на оваа тема.

Според кои критериуми донира германскиот гигант БАСФ во американската изборна кампања? Стив Голдберг, заменик претседател на управата на фирмата во САД, за „Вашингтон пост“ објаснува: „оценката на кандидатите се врши врз база на нивните позиции кон клучните теми за дејноста на фирмата и нивните врски со градовите -седишта на филијалите на БАСФ.“

Автор: Зилке Хазелман/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска