1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Странски компании во спорови со Македонија

Во последните пет години, домашни и странски инвеститори добија или бараат обештетување од Македонија од над 500 милиони евра. За споровите главно се договараат меѓународни арбитражи.

default

Во најновиот спор пред Лондонскиот комерцијален суд, што започнува наесен, мултинационалната медиумска корпорација „Тарбс“, на Австрилијанецот Мајк Булс, ги тужи македонската Влада и МРТВ. Се бара обештетување од најмалку 70 милиони евра, поради, како што се вели, прекин на сателитска концесија и реемитување на програми преку јавниот сервис. Август е месец на сослушување на сведоците за процесот против државата, поради оневозможување да профункционира телепорт-центар во Скопје, што требаше да се инсталира

Macedonian Radio Television, MRT

Зградата на МРТВ

според договор од 2006 година. Затоа австралиската компанија побарува од Македонија обештетување од 70 милиони евра како изгубена добивка. МТВ е тужена за 1,8 милиони евра штета поради неплатен долг за пренесување на нејзиниот сателитскиот канал. Во меѓувреме, новото раководство на македонскииот медиум, со контра-тужба против „Тарбс“ поради неиспорачување на ветените програмски зафати.

„Пред судот во Лондон МРТВ ќе го добие спорот со ’Тарбс’, но државата можеби ќе го загуби и ќе мора да плати обештетување, но со тоа ќе се салдираат сметките, ќе бидеме пата-пата“, вели Слободан Чашуле, претседател на Управниот одбор на МРТВ. Тој не порекнува дека ќе мора да се утврди одговорноста и во Македонија за непочитување на обврските кон „Тарбс“.

Во изминатите пет години, „ОКТА“, како сопственост на грчки „Хеленик петролеум“, како и „ЕСМ“, што го презеде австриската електродистрибуција, заведоа арбитражни постапки против државата и тужеа за наводна штета во

Erdölraffinerie Okta in Skopje

Окта

бизнисите со стотици милиони евра. Далеку од очите на јавноста, владини преставници успеаја да ги избалансираат огромните суми, да се исплатат милионски износи, пресметано во евра, за услуги на реномирани авдокатски канцеларии во светот и  да се плати дел од побарувањата на странските ивеститори. Консултираните експерти велат дека овие компании, само преку наплата на неоткупениот мазут или заостанатите побарувања за неплатена струја, си ги вратиле средствата со што ги купија скопската рафинерија и Електродистрибуција.

Неколку десетина милиони евра од македонските власти побарува „Свислајон“, кондиторска индустрија на српскиот тајкун Родољуб Драшковиќ. Нему државата, како што самиот тврди, му одзела акции од купен доминантен пакет во ресенски „Агроплод“.

Судски спорови пред Комерцијалниот суд во Лондон, арбитража во Париз, спорови во Вашингтон... Ако тие се реализираат неповолно за властите во Скопје, во наредните две-три години од буџетот ќе мора да се исплатат стотици милони евра за обештетувања. Професорот Тони Десковски, за Дојче веле објаснува:

„Надлежноста на комерцијалните странски судови се определува во спогодбата меѓу државата и инвеститорот поединец. Арбитражата во Вашингтон е формирана од Светска банка и служи за пресудување кога се во спор со странски инвеститори и кога државите имаат билатерална спогодба за заштита на инвестициите“.

 

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска