1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Странски искуства - плодна македонска образовна почва

Во градинките и училиштата во Македонија низа проекти се финансирани од странски фондации, институции и амбасади. На почеток скептично прифаќани, сега се реалност. И откако ќе секнат парите, поголем дел нив продолжуваат.

default

Градинка во Тетово

Неодамна воспитувачките од билингвалната група во струшката градинка „Сонце “ побараа да им се реши статусот со најава, доколку не дојде до тоа дека ќе ја напуштат работата, а проектот ќе згасне. Јавноста и родителите им дадоа целосна поддршка. Претходно проектот „Мозаик “ беше финансиран од амбасадата на Швајцарија. Во Струга и уште неколку градови, цели десет години беше успешна приказна за соживот уште од градинка. Министерот за труд и социјала Спиро Ристовски е задоволен од резултатите од проектот „Мозаик“ и дообјаснува:

„Проектот „Мозаик“ се спроведуваше во областите во коишто живее мешано население Македонци и Албанци. Во Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Скопје. Во Куманово имаше и македонско – српски паралелки, а во Гостивар македонско – турска паралелка на деца во градинка. Резултатите од проектот се исклучително позитивни. За нас најголема квалификација е задоволството на родителите чии деца беа во овие групи “, вели министерот Ристовски.

Spiro Ristovski

Спиро Ристовски

Прв беше Сорос со проектот: „Чекор по чекор“

Оттука и апелот на минстерството, локалните власти брзо да ги примат во редовен работен однос, токму воспитувачките кои цела една деценија успешно го спроведоа проектот. Случајот „Мозаик “ ги отвори прашањата: Што се случува со сличните проекти во градинките и училиштата, кога странците ќе се повлечат? Списокот на фондациите, амбасадите и владите кои две децении го помагале македонското воспитание и образование е долг. Искуствата различни, но ефектите главно позитивни. Ова поглавје во 1994 година го отвори Фондацијата „Отворено општество – Македонија “ со пилот – проектот „Чекор по чекор“на почетокот во седум града во десет воспитни групи, а три години подоцна станува составен дел од националната предучилишна програма, вели Петра Ристиќ која од самиот старт е дел од проектот:

„Подоцна беше логично проектот да влезе и во училиштата, прво во забавишните групи, па во прво, второ и трето одделение. За среќа беше многу добро прифатена од децата, вработените и семејствата“.

Пречки, отпори, негодувања, ама и воодушевувања !

Не одеше се подмачкано. Турболентно беше и за наставниците, за децата, но и за родителите, додава Ристиќ :

„Имало и пречки и отпори. Но самото спроведување покажа дека навистина на децата им требаа промени и самите вработени се освестија дека некои промени се неопходни. “

Roma Kinder beim Unterricht

„Со читање и пишување до критичко размислување“, „Креативни техники за учење и подучување“, „Социјална инклузија за децата од селските средини во редовно образование “, „Инклузија на деца со посебни образовни потреби “, „Социјална правда и општествена еднаквост “ се само дел од редицата проекти. Некои се одамна завршени,а дел уште траат. Министерот за труд и социјала Ристовски посебно ги издвојува проектите од Декадата на Ромите:

„Во изминатите три години близу осумстотини деца Роми беа вклучени во градинките. Осумдесет проценти од нив се запишаа во основните училишта. “

Паралено се стипендирааат деца Роми запишани во средните училишта.

„Нашите просветни работници многу мудро направија микс и од сите проекти го извлекоа најдоброто.Направија спој со домашната традиционална програма, ги приспособија и успеаа да ги вклучат во националната образовна програма, “ заклучува Ристиќ.

И по се - дилемата дали проектите допираат подеднакво до секое дете и училиште во Македонија и колку, каде и во што искуствата вистински се надоградуваат?!

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Б.Георгиевски