1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Странски дипломати учат и зборуваат македонски јазик

Се‘ поголем број странски дипломати и амбасадори во Скопје зборуваат на македонски јазик, за разлика од пред десетина години, кога ретко некој го владееше јазикот на земјата домаќин.

default

Американскиот амбасадор Филип Рикер е еден од дипломатите кој зборува македонски јазик

Деновиве се навршуваат 15 години откако главнината на тогашните членки на ЕУ воспоставија дипломатски односи со Македонија. Оттогаш во Скопје се сменија по неколку амбасадори на Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Холандија, но и САД, Русија и Кина, членки на Советот за безбедност на ОН. На почетокот од 90-те години ретки беа дипломатите кои доаѓаа во Скопје, а речиси ниеден странски амбасадор не го владееше македонскиот јазик. На стартот од овој милениум пристигнуваа амбасадори со познавање на македонскиот јазик, кои го зборуваат и на јавни настапи.

Интересно е што некои од дипломатите почнуваат да зборуваат и по некоја реченица на албански јазик.