1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Странските ресторани се’ поомилени во Македонија

Странските ресторани се во мода во Македонија. Има речиси секакви, но нема ниту еден германски. Зошто, зборуваат македонките гурмани, гастрономи, но и странците кои живеат во Македонија.

default

Пицата во Македонија веќе има статус на модерно „тавче гравче“

Италијански, грчки, мексикански, арапски ресторан. Во Македонија можат да се вкусат многу светски кујни благодарение на се’ поголемиот број странски ресторани. Во тоа шаренило на кафеанска понуда недостасува германски ресторан. Чудно со оглед на силното и докажано македонско-германско пријателство. Германија е една од најатрактивните печалбарски дестинации за Македонците. Од друга страна во Македонија живеат голем број германски граѓани, работат многу германски компании. Германија е и несебичен финансиски донатор и трговски партнер. Но, во оваа богата лепеза на интезивни односи се’ уште не созреал моментот за отворање на германски ресторан во Македонија.

Essen in Deutschland Bayern Nürnberger Bratwüurst

Баварски братвурст

„Иако во Македонија има фантастична, интересна и разновидна храна, ми недостига кујната на која сум навикнал, храната која била приготувувана во мојот дом, традиционалните рецепти на мајка ми. Истото им недостига и на моите германски пријатели кои живеат овде, а сум слушнал многу убави зборови за германската кујна и од Македонците кои биле на одмор или работеле во Германија. Мислам дека, ако некој преземе ризик да отвори германски ресторан, има големи шанси за успешен бизнис“, раскажува Франк Штусел од Германската амбасада во Скопје.

Ирски ресторани

Наспроти тоа што нема ниту еден германски ресторан, само во Скопје има три ирски. Зошто тие се толку популарни во Македонија ги прашавме Скопјани. „Дружељубиви луѓе и сам да отидеш во ресторан ќе најдеш друштво.“

Сопственикот на најновиот ирски паб во Скопје на кејот на Вардар објаснува зошто избрал да отвори токму таков ресторан. „Ирските пабови колку се постари толку се поубави не треба да се реновираат. А нам во Македонија ни недостига традиција“.

Сродни менталитети

Pub in Dublin

Ирски паб во Даблин

Ирските ресторани се популарни насекеде во светот, но македонското поднебје особено им оговара со оглед на сличностите меѓу Македонија и Ирска. Евроамбасадорот во Скопје Ерван Фуере е Ирец. За Дојче веле објаснува:

„Можете да најдете ирски ресторани насекаде во светот. Но тука во Македонија се особено добро прифатени бидејќи имаме слична историја, сакаме слична храна и пијалоци, слична музика и уживање во животот“.

Води домашната кујна

Македонците се мераклии за јадење и пиење. Расположени за дружење и испробување на нови вкусови. Сепак во Македонија најдобро минува македонската кујна. Гастрономот Љупчо Гиевски вели дека гостите се пребирливи и затоа рестораните треба да бидат инвентививни во понудата.

Börek mit Käse

Пита со сирење е сигурна работа

Младата германка Катрин, која е на шестмесечен престој во Скопје, вели дека германската кујна почнала да и’ недостасува по некоколку месечен престој во Македонија. Откако ни призна дека и’ недостига германски ресторан ја прашавме дали би била редовен гостин во него. „Мислам дека главни гости би биле Германците кои живеат овде. Бидејќи ако живееш овде подолго време ќе почне да ти недостига храната на која си навикнат. Ако си на кус престој, во желбата да пробаш нешто ново, ќе јадеш македонска храна“.

Младите Македонци, пак, малку знаат за типичната германска храна. А непознатото е примамливо. Глобализацијата не ја одминива ниту Македонија. Светските трендови стасуваат брзо. Многумина се уверени дека и типичниот баварски братвурст многу скоро ќе стане македонска реалност.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска