1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Стразбур е подготвен да и помогне на Македонија на патот кон Брисел

Вицепремиерката Габриела Коневска-Трајковска имаше средба со претставници на Совето на Европа. За Дојче Веле Коневска оцени и дека е многу рано да се пренесат четирите предмети од Хаг во Македонија.

default

Македонски вицепремиер Габриела Коневска Трајковска

Реформскиот процес во Македонија беше темата на разговорите меѓу вицепремиерката за евроинтеграции Габриела Коневска-Трајковска и помошничката генерален секретар на Советот на Европа, Мод де Боер-Букикио.

Таа за Дојче Веле нагласува дека Советот на Европа е подготвен и понатаму да и помага на Македонија. „Ние сме во прва линија за да им помогнеме на земјите членки, за да напреднат во нивните реформи посебно во областа на законодавството. Заедно утврдивме извесен број на области во кои помошта на Советот на Европа може да придонесе за напредок. Како на пример реформата на затворскиот и судскиот систем. Заедно заклучивме дека е многу важно да помошта која ја пружа Советот на Европа да биде видена како ангажирање во однос на Советот на Европа, а не само ексклузивно како помош за евентуалното зачленување во Европската Унија. Бидејќи треба да се знае дека многу важните критериуми од Копенхаген се втемелени врз Конвенциите на Советот на Европа.“

За тоа, до каде е стигната Македонија во исполнувањето на стандардите од Копенхаген и тие на Советот на Европа, Мод Де Боер-Букикио истакнува.

„За секој стандард и конвенција ние имаме посебен механизам, ниту една земја не е совршена. Јас не можам да проценам што мисли Брисел. Се разбира има сé уште области во кои треба да се забележи напредок, како тие што ги споменав и Советот на Европа е подготвен да помогни во тоа.“

Вице премиерот на Македонската влада, Габриела Коневска-Трајковска смета на помошта од Стразбур на патот кон Брисел. „Ние сметаме дека Советот на Европа е нашиот стратешки партнер и поддржувач на процесот на интегрирање во Европската Унија.

За сметка на тоа ние се заблагодаривме за сето она што досега како експертиза се понудува особено во областа на безбедноста, слободата, правдата, затоа што искуствата кои што ги добиваме по однос на реформата на законодавството во делот на правосудството, човековите права затворскиот систем и посебно почитувањето на правата во однос на трговијата со луѓе. За што ги поставивме постулатите за идната соработка со Советот на Европа.“

Рано да се пренесат четирите предмети од Хаг во Македонија

По изјавите на Карла дел Понте дадени пред една недела во Стразбур и повторени во Брисел, дека Македонија не е подготвена да ги прими назад четирите предмети од судот од Хаг, одговарајќи на прашање на Дојче Веле министерката Коневска рече:

„По однос на четирите предмети од Хаг, тоа е голем тест не само за законодавството, тука и воопшто за целиот легислативен систем. Цениме дека во оваа ситуација во која законот за судови се применува само неколку месеци, имено од први јануари 2007 година, со недонесување на законот за јавно обвинителство, со недонесениот, односно неконституиран судски совет, и со она што практично значи измена на казненото и кривичното законодавство, дека е многу рано.

Бидејќи ние сакаме да покажеме дека со сета сериозност и професионалност можеме да се водиме за овај случај. А ќе ми дозволиоте со сиот почит и респект кон нашите правосудни органи, односно кон судиите и јавните обвинители ние досега многу малку сме имале искуство во однсо на меѓународното кривично право и меѓународното хумано право.

Бидејќи ова допира во сериозен сензибилитет на почитувањето на човековите права, ние цениме дека обуката која што веќе еднаш се изведе, треба да се виде дали и понатаму тоа треба да се спроведе. И секако да се гледа кон понатамошни елементи на законот за соработка со хашкиот трибунал. Бидејќи не е само физичкото превземање на случаите, ние треба да покажеме дека ги почитуваме начелата на правната држава, а ова верувајте претставува тест за секоја посериозна демократија и секако за Република Македонија.“

За тоа дали може да се зборува за датум за враќање на случаите пред македонските правосудни органи, вицепремиерката вели: „Не би можела во овој момент да кажам. За жал тоа не е дел од моето портофолио. Секако, за ова порелевантно ќе биде да даде коментар министерот за правда.“