1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Стразбур воздржан со коментарите за Македонија

Стразбур внимателно следи што се случува во Македонија и се воздржува од пребрзи заклучоци и коментари. Германската европратеничка Дорис Пак сепак ја критикува македонската опозиција.

Во Европскиот парламент владее извесна воздржаност кај европратениците, кои во голем број минатата недела ја посетија Македонија во обид да помогнат во изнаоѓањето на решение за излез од внатрешната политичка криза. Во разговорите што ги водевме со повеќе европратеници, без разлика на нивната политичка припадност, беа испратени повици за враќање на опозицијата во парламентот и учество на изборите.

Германската европратеничка Дорис Пак, од групата на Народните партии во нејзини својствен стил беше директна со коментарот за ДВ во однос на неучеството на опозицијата на престојните избори.

Doris Pack CDU/CSU Europäische Volkspartei EVP

Дорис Пак

„Тоа е неприфатливо и неодговорно однесување на социјалдемократската опозиција. Се валка имиџот на земјата и тоа не е доказ на политичка зрелост. На патот кој води кон Европската унија, тоа е некорисно“, вели Пак во нејзината изјава.

Од извори на ДВ во Европскиот парламент дознаваме дека европратениците ќе имаат меѓусебно советување за евентуално испраќање во текот на неделава или до крајот на февруари на друга делегација во Македонија. За 28 февруари беше предвидена повторна расправа за предложенета резолуција за напредокот на Македонија од страна на Ричард Хауит, што и според самиот Хауит станува во сегашнава ситуација неизвесно.

Слична е воздржаноста и во Советот на Европа, каде Република Македонија е членка од 1995 година. Таму ни беше речено дека ќе се обидат да се запознаат подобро со ситуацијата пред да реагираат.

Деновиве група од 21 членови, на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), кои доаѓаат од 17 земји членки, изразија загриженост „за функционирањето на демократските институции“ во Република Македонија. По одлуката на опозицијата да ги бојкотира локалните избори не е исклучено ПССЕ и воедно Советот на Европа да реагира во овај случај, како што реагираше во слична ситуација во Молдавија или Албанија.

Конгресот на локалните и регионалните власти на Европа, кој како најнадлежен во Европа за следењето на локалната демократија, подготвуваше предизборна мисија во Македонија од 24 до 27 февруари, каде во земјата ќе требаше со претставници на централната и локалната власт, невладини организации, универзитетски работници и претставници на медиуми да се запознае со предизборната политичка и медиумска клима, пред да ја испрати делегацијата за следење на изборите на 24 март.

Андре Бушман, известувачката во Конгресот за локалната демократија во Македонија, откако беше запозната со одлуката на опозицијата да не учествува на локалните избори, за ДВ кратко коментираше: „Оваа одлука само го поништува позитивниот карактер на извештајот на Конгресот за локални и регионални власти“.

Имено, во октомври минатата година Конгресот го усвои извештајот во кој покрај забелешките имаше и многу пофални зборови за локалната демократија и процесот на децентрализацијата во Македонија.