1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Стразбур бара „конструктивен дијалог“ во Македонија

Претседателот на Комисијата за следење на обврските на земјите членки на Советот на Европа, Холовати, смета дека пред Македонија стојат уште многу предизвици. Препорачува мисија на СЕ за следење на идните избори.

default

Советот на Европа во Стразбур

Известувачот, Серхиј Холовати повикува на „конструктивен дијалог“ меѓу власта и опозицијата, нагласувајќи дека претстојните претседателски и локални избори во 2009- та година се многу значајни за демократијата во Македонија.

Претседателот на Мониторинг комисијата на ПС на СЕ препорачува предизборна и изборна мисија на СЕ, која ќе има за задача заедно со македонските власти да ги подготви добро претстојните избори. Посебно ако се знае, дека последните парламентарни избори „не беа пример за демократско однесување“.

На Серхиј Холовати - известувачот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, му беа потребни само десетина дена по посетата на Македонија за да ги изнесе своите забелешки за ситуацијата во земјата. Неговата посета беше во рамките на пост-мониторинг дијалогот на Македонија со Советот на Европа за преостанатите обрски, кои ги презеде земјата со членството во организацијата.

Враќањето на опозицијата во Собранието, позитивен чекор

Холовати најпрво го поздравува враќањето на опозицијата во Парламентот, но по разговорите кои ги водел со нејзини претставници има чувство дека правата на опозицијата не се целосно гарантирани. За да се гарантира плурализмот, тој бара од владеачката коалиција да им пружи можност на опозиционите партии да предлагаат амандмани на законите, со што ќе биде гарантирана и демократската дебата. Во таа насока е и препораката за независна експертиза на новиот деловник на Македонското собрание од страна на Венецијанската комисија, која би требало да го разгледа и изменетиот изборен законик. Вниманието на украинскиот пратеник е посебно насочено на деловите со кои се предвидува на малцинските задници во Македонија да им се гарантираат 10 пратенички места.

Mazedonien hat Kosovo als unabhängigen Sttat anerkannt

Посебно внимание предизвикуваат барањата за загарантирани пратенички места за малцинствата

Законот за албанскиот јазик, позитивен пример

Околу спроведувањето на Охридскиот договор, Холовати забележува дека има напредок во донесувањата на законите кои произлегуваат од него. Донесувањето на „Законот за употреба на албанскиот јазик“ го наведува како позитивен пример, но жали што тоа беше направено во ургнетна процедура.

Од македонските власти се бара да и‘ ги дадат на Агенцијата за правата на човекот и малцинстват потребните податоци за нејзино нормално работење. На претставниците на малцинствата им се советува директно да се обраќаат до вице-премиерот задолжен за спроведување на Охридскиот договор, за да ги разрешат проблемите со кои се соочуваат.

Во делот на почитувањето на човековите права, се поздравуваат напорите на Народниот правобранител и се очекува од македонските власти да ги земат во предвид неговите забелешки во законодавниот процес. Очекувано, ПС на СЕ бара од Македонија да ги исполни препораките на Комитетот за превенција на тортурата, кој изрази сериозни критики.

Ова е само прелеминарен извештај, конечниот и детален извештај со сите препораки се очекува да биде наскоро претставен во Стразбур.

Поврзана содржина