1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

„Страдаме од глувост кон Господ„

На вториот ден од посетата на Германија, папата Бенедикт 16 одржа миса под отворено небо одушевено поздравен од преку 250 илјади присутни верници.

Папата со Келер и Меркел

Папата со Келер и Меркел

Присуствуваа и претседателот на државата Хорст Келер, премиерот на Баварија, Едмунд Штојбер и други високи преставници на политиката и општеството, како и повеќе од 100 кардинали и бискупи што допатуваа од голем број држави. Уште при доаѓањето со папа-мобилот низ редовите верници тој беше поздравен со големи аплаузи и извици „Бенедето„.

Сликата се повтори и по завршувањето на мисата на која папата Бенедикт 16 побара од западниот свет да им се врати на христијанските вредности. „Токму во ова време страдаме од извесна глувост кон Господ„, рече Бенедикт 16:

„Не постои само физичка глувост која луѓето во голема мера ги одвојува од социјалниот живот. Постои глувост и кон Господ и токму сега страдаме од тоа. Едноставно веќе не го слушаме, имаме премногу други фрекфенции во ушите. Она што се зборува за него, ни се чини ненаучно и несоодветно за нашето време„.

Папата индиректно ја критикуваше католичката црква во Германија која во Африка и Азија повеќе се ангажира за социјална помош отколку за мисионерски проекти:

„Ми вели еден африкански бискуп: кога поднесувам социјални проекти во Германија, веднаш наидувам на отворена врата. Но, кога ќе дојдам со евангелистилчки проект, наидувам на воздржаност. Очигледно кај луѓето владее мислење дека социјалните проблеми мораат да се решаваат со најголема брзина, а работите со Господ не се толку итни. Меѓутоа, социјалното и евангелистичкото не можат да се делат„.

„Народите на Африка и Азија се восхитуваат на техничките достигнувања на Запад и на нашата наука, но се исплашени од еден вид разумност која тотално го ограничува Господ од погледот на луѓето. На светот му е потребен Господ. Нам ни треба Господ„, рече папата.

Тој утре патува за Алтетинг и Регенсбург, а патем ќе намине и во неговото родно место Марктл на реката Ин.