1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Страв од тајните досиеја

Процесот на откривање и истражување на досиејата од поранешните комунистички тајни служби е различен во секоја земја. Увидот покажува дека во многу земји соработници им биле стари, но и актуелни политичари.

Дури во декември минатата година беше воспоставена европска мрежа на институции коишто се занимаваат со истражување на работата на тајните служби на поранешните комунистички земји. Во таа мрежа сепак не се сите членки на ЕУ, како на пример балтичките земји. Во споредба со добро организираните германски власти кои одамна ги истражуваат досиејата на поранешната источно германска тајна служба, Штази, ситуацијата во одделни земји е различна.

Ханс Алтендорф, директор на службата за анализирање на досиејата во Берлин, вели: „Во Полска кон крајот на деведесеттите години е основана слична служба. Некои земји ваквите служби ги основаа многу порано, а во некои соодветните институции се основани во последниве години. Значи имаме различни искуства.“

Стравувањата на елитите

Stasi Archiv in Berlin

Архивата на поранешната тајна служба на ГДР, Штази

Во Чешка дури од минатата година е овозможен увид во досиејата на тајната служба. Во Словенија министерот за правосудство ја оневозможува работата на малиот Институт за историја, кој се обидува да ги расветли тајните од минатото. Партијата на словенечкиот министер изникна од редовите на младинската комунистичка организација и затоа не е многу заинтересирана да и ги даде на увид на јавноста овие досиеја.

Не стравуваат само новите елити во Словенија од содржината на тие досиеја, вели Алтендорф. „Ваквата тенденција често се забележува и според мене тоа е вистинската причина за одредени политички дебати, кои често се водат преку други теми.“

Табу тема

Во земјите од поранешниот источен блок, со децении не се истражуваше минатото. Тоа беше еден вид табу тема. Во Бугарија од неодамна е овозможен увид во ваквите досиеја, и на тој начин се откриени низа бивши, но и активни политичари кои соработувале со тајните служби. Во Германија, обработката на досиејата беше поедноставна отколку во Словенија или Бугарија, бидејќи поранешната комунистичка држава ГДР повеќе не постои.

Geheimakten

Досиејата на тајните служби треба да расветлат многу приказни од минатото

Алтендорф укажува уште на еден момент. „Отворањето на досиејата е суштински придонес кон укинување на монополот на поранешните властодршци врз информациите од тие времиња.“

Мрежата на европски институции, коишто се занимаваат со досиејата на тајните служби би требало да расчисти и многу легенди и гласини, додава Алтендорф. „Често поединци сакаат да ги демантираат обвинувања на нивна сметка. Увидот во актите овозможува да се види дали тие обвинувања се засновани или не, и тоа е дел од полтичката хигиена“.

Неопходна соработка на европско ниво

Соработката на европско ниво е неопходна, бидејќи и поранешните тајни служби соработувале. Но, досиејата на поранешните советски служби, кои се под контрола на денешните руски служби за безбедност, и понатаму се под клуч. Многу компликувана е ситуацијата на овој план и во земјите од поранешна Југославија. По долгогодишната граѓанска војна, истражувањето на наследството од бившите тајни служби е на почеток.

Автор: Бернд Ригерт / Невена Георгиевски

Редактор: Александра Трајковска