1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Страв од растечките цени на храната

На Пролетното заседание на Меѓународниот монетарен фонд покрај финансиските кризи главна тема беше експлозијата на цените на животните производи. Поради нив се заканува дестабилизација на многу сиромашни држави

default

Предупредувања од директорот на ММФ, Штраус Кан

Зборовите на шефот на ММФ Доминик Штраус Кан беа впечатливи.

Ако цените на производите за храна и натаму растат ккао во моментов, последиците , не само во Африка, туку и во многу земји во светот, ќе бидат катастрофални. Илјадници ќе мораат да гладуваат, децата ќе страдаат од неухранетост, изјави тој.

Со сегашната ситуација може да бидат уништени економиите и демократските системи на многу држави, предупреди Штраус Кан. Високите цени во последно време веќе доведоа до немири, кражби и насилство. Примери за тоа се Тунис и Хаити.


Енормен пораст на цените на житата


Според Светската банка, цените на оризот, пченицата , пченката и другите земјоделски производи во минатите три години пораснале меѓу 80 и 180 проценти. За ваквиот развој има повеќе причини: растечката побарувачка на прехранбени производи , сменувањето на навиките во исхраната во земјите како Кина и Индија, зголемените цени на енергијата и се поголемата побарувачка на биоенергенси. Тие се произведуваат од растенија како пченката, што логично доведува до зголемување на цената. Шефот на ММФ Штраус Кан истакнува дека ако сакаме да спречиме силниот раст на цените, пред се‘ на производите за храна да доведе до страшни последици, мораме на оваа тема да и посветиме поголемо внимание отколку досега.

Слична оценка изнесе и германската министерка за развој, Хајдемари Вичорек Цојл:

Кризата со прехранбени продукти и порастот на цените се закана за стабилноста, за борбата против сиромаштијата и за мирот во целиот свет.

►◄