1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Страв од иранско или американско влијание на Блискиот исток!

САД имаат намера да им продадат голема количина оружје на земјите од заливот. Чекор со кој би требало да се намали влијанието на Иран на Блискиот исток. Иран веќе и префрлува на САД дека шири страв во регионот.

default

Оружје за земјите на Блискиот исток?!

Портпартолот на министерството за надворешни рбаоти во Техеран, Мохамад Али Хосеини и префрли на администрацијата на претседателот Буш дека со овие мерки свесно шири страв на Средниот исток и прави добри зделки со оружје. - Тие свесно сакаат да ги спречат добрите односи меѓу земјите во регионот. Она што му е потребно на регионот околу персискиот залив се безбедност, стабилност, мир и регионален развој.

Но доколку раководството во Вашингтон ги спроведе плановите, тогаш тоа ќе биде контрадикторен потег со дел од неговата стратегија. Имено САД со тоа би инвестирале во земји, кои до пред кратко време ги поддржуваа Талибанците во Авганистан.

Се бира меѓу две алтернативи - колера или чума

Илан Мор, од израелската амбасада во Берлин пак вака ја комнетира намерата на САД за засилена воена помош за шест држави од заливскиот регион „Во овој регион ништо не треба да се исклучи. Моето прашање е: Што е полошо? Натпревар во конвенционално вооружување или нековнеционално односно натпревар во областа на нуклерано оружје? Радо би сакале да ги одбегнеме и двете работи но реалноста на Блискиот исток е таква, да постојано мора да бираме меѓу две лоши алтернативни имено меѓу колера и чума.“ рече Мор.

САД водат погрешна политика

Планираната испорака на оружје од страна на САД на Блискиот исток во Германија предивизика жестока критика. Генералниот секртар на СПД Хубертус Хајл му префрли на претседателот Буш дека води погрешна политика во овој нестабилен регион. Претседателот на одборот за надворешни работи во Бундестагот од ЦДУ Рупрехт Поленц предупреди дека Блискиот исток сеуште бил буре барут.

Портпаролот на владата Мартин Јегер истакна дека досега се добиени информации само преку медиумите, директни информации од САД, германската влада не добила истакна портпаролот и нагласи „Генерално се разбира важи: Ние го подржуваме она што носи поголема стабилност во заливскиот регион затоа овие работи треба поединечно и внимателно да се набљудуваат.“ истакна Јегер.