1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Страв од ескалација на конфликтот меѓу Судан и Јужен Судан

ОН стравуваат од натамошна ескалација на вооружениот конфликт меѓу Судан и Јужен Судан. Африканската унија исто така побара крај на борбите.

Советот за безбедност на ОН стравува од натамошно заострување на кризата во Судан. Според податоци на ОН, при суданските воздушни напади врз Јужен Судан во пограничната држава Јуните биле убиени најмалку 16 цивили, а 34 ранети. Мисијата за обезбедување на мирот на ОН истовремено информира дека во Јужен Судан има големи уништувања.

Амбасадорот на САД во ОН Сузан Рајс, која овој месец претседава со Советот, додаде дека бомбардирањата и’ нанеле сериозни оштетувања на инфраструктурата, а најмногу на нафтените инсталации.

Членовите на Советот за безбедност бараат „итно запирање на воздшните напади на суданските сили за безбедност и неодложно враќање на преговарачка маса“, изјави амбасадорот на САД во ОН Сузан Рајс.

Американскиот претседател Барак Обама исто така упати жестока критика до владата во Картум. „Силно го осудуваме воениот напад на Судан врз Јужен Судан“, изјави портпаролот на Белата куќа Џеј Карни. Бомбардирањата мора итно да запрат.

По повеќеднвена вербална ескалација на конфликтот од страна на владите на двете држави, министерот за надворешни работи на Судан Али Ахмед Карти изјави дека неговата земја е подготвена да преговара со Јужен Судан за безбедносните прашања. Карти се произнесе во Адис Абеба, седиштето на Африканската унија, која исто така се залага за мировно надминување на конфликтот.