1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Страв од враќање на левичарскиот тероризам во Грција

Стравот во Грција од тероризам се зголемува. Само неколку дена по пукањето врз резиденцијата на германскиот амбасадор во Атина, стигна информацијата дека е во бегство осуден грчки терорист.

Избеганиот не е кој било. Тоа е Христодулос Ксирос, еден од водачите на досега најопасната грчка терористичка организација „17 ноември“. Според сопствени наводи, Ксирос во 1980-тите и 1990-тите учествувал во повеќе терористички напади. Негови жртви се и атинскиот индустриски магнат Димитриос Ангелопулос, конзервативниот издавач Никос Момфератос, грчки полицајци, како и дипломати од Велика Британија и од САД. Освен тоа, Ксирос учествувал и со неуспешните напади врз поранешниот социјалистички министер Јоргос Пецос и поранешниот еврокомесар Јоанис Палеокрасас. И нападот со панцерфауст (противоклопен фрлач, н.з.) врз резиденцијата на германскиот амбасадор во 1999 година и‘ се припишува на „17 ноември“.

По разбивањето на терористичката организација, Ксирос во 2003 година беше осуден на шесткратна казна доживотен затвор. Поради добро владеење, тој во последните година и половина осум пати доби затворски одмор, под услов секој ден да се јавува во најблиската полициска станица. При неговиот последен, божиќен затворски одмор, Ксирос очигледно ја искористил шансата и исчезнал. Неговото бегство беше потврдено вчеравечер (7.01) од страна на портпаролот на владата, Симос Кедикоглу.

„Не може еден терорист осуден на доживотна казна затвор за 18 месеци да добие седум пати одмор. Па ни нашите војници не уживаат вакви привилегии“, критикува политичкиот аналитичар Јанис Претендерис во изјава за телевизијата Мега. „Би сакал да знам кои судии, според какви критериуми, носат вакви одлуки“, огорчен е овој атински коментатор.

Реформски ветувања за иднина

Според ставот на правните експерти, меѓутоа, дозволата за затворски одмор е во согласност со законите. Грчкото кривично право не прави разлика меѓу терористи и други извриштели на кривични дела. Сега владејачката коалиција сака тоа да го промени, објасни министерот за правда Хараламбос Атанасиу по вчерашната средба со премиерот Самарас. Освен тоа, Атанасиу ветува дека за сто дена ќе почне изградба на нов затвор за тешки злосторници и терористи. Зошто досега никој не помислил на такво нешто, министерот не одговори.

Griechischer Terrorist Christodoulos Xyros

Христодулос Ксирос исчезна

Франгискос Рагусис, адвокат на Христодулос Ксирос, на бегството на својот клиент гледа сосема опуштено. Тој во интервју за атинската телевизија Скај рече дека тоа било политичка одлука на затвореникот, која е сосема во согласност со неговата „револуционерна дејност“. На упорните потпрашања на новинарите на Скај, Рагусис не сакаше да исклучи можност дека избеганиот терорист може повторно да „дејствува“. Социјалните потреби и „проблемите на нашето време“ очигледно го натерале Ксирос на таква одлука за бегство, рече Рагусис.

На ваквата формулација треба да и‘ се обрне внимание. Во времиња на социјални тензии се чини духот на левичарскиот тероризам повторно ја зафаќа кризната Грција. Коментаторот Јанис Претендерис тоа вака драстично го формулира - се‘ укажува на тоа дека претстои нов бран насилство, нагласува тој. „Ксирос не е кој било, тој има големи познавања за терористички напади и експлозивни средства.“ Сега, додава Претендерис, тој очигледно има намера да им го пренесе своето знаење и искуство на помладите генерации. Се работи за млади луѓе кои тој лично ги регрутирал во текот на изминатите години.

Загриженост за грчкото претседателство

Поповолен момент за ширење страв Ксирос не можеше да одбере. Грција е во фокусот на светската јавност. Денеска во Атина ќе се одржи церемонијата на одбележување почеток на грчкото претседателство со ЕУ.

Antonis Samaras EU-Logo

Непријатни времиња за премиерот Самарас

Се очекуваат високи гости од Брисел. За обезбедување се ангажирани околу 2000 полицајци, а палатата во срцето на Атина, каде ќе се одржуваат најважните министерски средби и прес-конференции, од вчера попладне е херметички затворена.

Новинарката Ана Панајотареа, која важи за блиска до владејачките конзервативци, во разговор за Скај преудпредува: „Нашата земја е под постојано набљудување од страна на странските медиуми и во нивните извештаи добива постојано удари ’под појас’. А сега уште ова. Како нашиот премиер да немаше и онака доволно проблеми, па сега уште да мора да се правда и за тероризмот во Грција.“