1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Страв за иднината на британските медиуми

Прво скандал околу весникот „News of the World“, а сега криза во Би Би Си: медиумската сцена во Велика Британија е ослабена. Новинарите се плашат за слободата на печатот.

Независност и точност, вредности зад кои Би Би Си стоел со десетлетија. Пред неколку дена „старата тетка“, како што често ја нарекуваат оваа медиумска куќа, прослави 90 години постоење. Меѓутоа прославата беше само кратко интермецо во тешката криза во која се наоѓа оваа некогаш чесна институција. Би Би Си изгледа како „куќа од карти“ која се урива, кажува Клер Фокс, раководителката на тинк-тенк „Институтот на идеи“.
Кризата е предизвикана со скандалот околу поранешниот многу популарен водител во Би Би Си Џими Савил, а оставката на генералниот директор Џорџ Ентвистли е за сега врвот на кризата. При тоа Ентвистли одстапи од оваа позиција неодамна.
Кратко пред смртта на Савил минатата година новинарите од емисијата Newsnight, која е базирана на истражувачко новинарство, слушнале дека Савил е замешан во скандалот околу сексуално злоставување деца. Новинарите биле спречени во истражувањето за овој случај. Наместо тоа за Божиќ е емитувана емисија во знак на благодарност на Савил.

Обид за прикривање?

Во Велика Британија сега жестоко се шпекулира за тоа дали Би Би Си се обидела да го прикрие овој случај. Самата медиумска куќа соопшти дека тогашниот главен уредник на емисијата Newsnight, Питер Рипон, кој во меѓувреме исто така поднесе оставка, ја повлекол таа приказна од редакциски причини. Политичарите и британските весници во тоа сепак не сакаа да поверуваат. Тие поради тоа бараат да се преиспитаат праксата и стандарната работа на Би Би Си.


Британскиот печат последните 18 месеци мораше да издржи бројни удари. Причина: скандалот околу прислушкување во меѓувреме згаснатиот таблоид „News of the World" - кој му припаѓаше на концернот на Руперт Мурдок - преку кој наводно се прислушувале стотина познати лица. Тој скандал сега го истражува посебна државна комисија која ја предводи судијата Брајан Левенсон.

Дебата за слободата на печатот

Клер Фокс верува дека заклучоците на оваа комисија веројатно водат кон тоа комплетниот британски печат да биде построго регулиран. „Верувам дека истрагата која ја води оваа комисија, е многу лоша за медиумите. Се наоѓаме во ситуација во која се отвора дебата за слободата на печатот.“
Чанду Кришан, директор на британскиот оддел на Транспаренси Интернешенал, исто така е загрижен кога станува збор за состојбата во која се наоѓа британскиот печат. Тој верува дека комисијата на Левенсон на виделина изнела 2 основни проблема. Првиот: „Односите помеѓу одредени новинари и одредени политичари се премногу блиски.“ Вториот проблем се однесува на тоа дека сопственичките односи во медиумите се многу концентрирани. Киршан смета оти ризикот од корупцијата во сегашниот систем е многу голем. И самиот премиер Дејвид Камерон говорејќи пред членовите на комисијата на Левенсон признал дека односот помеѓу политичарите и медиумите понекогаш е „премногу удобен“.
Во долготрајната амбиција да се придобијат гледачите се чини дека одделни медиуми ги губат од вид своите морални начела. Водителот на емисијата Newsnight, Џереми Паксман, по оставката на директорот рече дека станува збор за „голема срамота“. Тој и‘ префрли на оваа медиумска куќа дека премногу пари се сокриени на менаџерските нивоа, додека буџетите на одделни програми се намалуваат.

A News of the World sign is seen by an entrance to a News International building in London, Wednesday, July 6, 2011. Britain's tabloid phone hacking scandal dominated the airways Wednesday as it swelled to allegedly involve more missing schoolgirls and the families of London terror victims. News International, the British linchpin of Rupert Murdoch's global News Corp. media empire, was under intense pressure due to its News of the World tabloid, which has admitted hacking into the phones of celebrities but now stands accused of possibly interfering with police investigations into missing girls who were found murdered. (Foto:Matt Dunham/AP/dapd)



Концентрирање на забава

И Клер Фокс верува дека Би Би Си се концентрира на забавната програма и на публиката. „Поради тоа страда истражувачкото новинарство. Наместо тоа Би Би Си се реши за плитки документарни филмови.“ Таа се надева дека медиумската куќа наскоро повторно ќе се врати на неутралното новинарство кое не го штеди никого.
Културата на истражните комисии во Велика Британија шири непријатност. „Верувам оти тие целокупни комисии ќе ја влошат само повеќе и онака лошата атмосфера“, кажува Фокс. Таа кажува дека сите, наместо да задржат ладна глава, ќе побрзаат да ги поправат старите грешки. „Луѓето воопшто не ја гледаат шумата од дрвата. Патем кажано тоа е исто така еден вид прикривање.