1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Страв во Франција од новиот вирус сличен на САРС

По појавата на три нови сомнителни случаи во Франција се шири стравот од новиот многу опасен вирус, сличен на инфекцијата на дишните патишта САРС, која се прошири ширум светот пред десет години.

Една жена и двајца мажи важат за можни новоинфицирани лица од новиот опасен вирус кој ги напаѓа дишните патишта, соопштија француските здравствени власти. Сите тие имале контакт со заболеното лице кај кое за првпат во Франција беше потврдена заразата од новиот коронавирус (фото горе), сличен на САРС.

Една медицинска сестра од местото Дуаи беше прогласена за најнов сомнителен случај, соопшти претставничка на регионалните здравствени власти. Претходно властите соопштија за два сомнителни случаи - еден лекар и еден пациент, кој се наоѓал во соседната соба во болницата каде бил згрижен заболениот од овој вирус, а кои сега се наоѓаат на болничко лекување во Лил и Туркуан. Двете лица ќе бидат подложени на тестови, чии резултати ќе бидат познати наскоро.

Лекарот, на возраст од 35 години, е член на медицинската екипа која била во контакт со пациентот заболен од коронавирусот. Тој покажал симптоми заради кои бил примен на болничко лекување во службата за инфектологија во Туркуан. Другото лице, за кое се сомнева дека е заболено од коронавирусот, било во контакт со заболениот за време на неговиот престој во болницата во Валенсиан од 27 до 29 април.

Future Now Projekt Viren Bild 1 SARS

САРС- вирусот под електронски микроскоп

Заболениот од коронавирусот, чиј случај беше потврден, е во стабилна здраствена состојба, но и натаму се наоѓа на интензивна нега во Лил. Истовремено нови случаи на коронавирус беа потврдени во Саудиска Арабија.

Според француското Министерство за здравство, заболеното лице по престојот во Обединетите Арапски Емирати покажало симптоми на акутна респираторна инфекција. Овај вид коронавирус првпат бил откриен во средината на 2012 година и тогаш имало заболени во Саудиска Арабија, Јордан, Велика Британија и Германија. Според Светската здраствена организација (СЗО), вирусот бил откриен кај 27 лица во светот, од кои 18 починале.

На веб страницата на СЗО е објаснето дека овој вид коронавирус е посебен вид кој досега не бил откриен кај луѓе и дека на научниците им недостасуваат докази за начинот на неговото пренесување и клиничките последици од оваа инфекција. Само во Саудска Арабија по појавата на оваа болест во медицинскиот центар во Ал Аша починале седум лица.