1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Стравот од свинскиот грип се шири побрзо од заразата

На Балканот брзо се шири епидемијата на свински грип. Во Македонија е регистриран првиот случај на грип од типот (А) кај жена, која не патувала во странство. Поради тоа се зголемува стравот кај населението.

default

Сликата на луѓе со заштитни маски по улиците стана реалност и во Македонија. За волја на вистината, максималната претпазливост се’ уште не е масовна појава. Но граѓаните не кријат дека се плашат. Дополнителна причина за тоа освен брзото ширење на епидемијата во соседството е и првиот не увезен случај на грип од типот (А) во Македонија. Станува збор за жена, која не патувала во странство, а сепак се заразила со вирусот. Во последниве 10 дена тоа е четвртиот потврден случај со кој Македонија ја надмина бројката од педесет заболени. Надлежните предупредуваат дека вистинскиот број е поголем, но е скриен во вирозите карактеристични за овој период од годината.

„Можно е меѓу нив да се крие, дури се претпоставува дека и во западните земји, ако официјалната бројка е на пример 5.000 на H1N1 позитивни, дека четирипати е поголема таа бројка, затоа што многу повеќе од нив поминуваат асимптоматски, без симптоми, или во многу блага форма, па не бараат и помош од лекар“, вели д-р Јованка Костовска, од надлежната комисија за заштита од опасниот грип.

Bildergalerie - Schweinegrippe, freies Format

Свински грип

Властите се подготвуваат за втор бран

Додека граѓаните се трудат да не му дозволат на стравот да прерасне во паника, здравствените власти се подготуваат за овој нов налет на свинскиот грип. Соочена со распламтување на вирусот во соседството, државата е се’ уште без вакцини во фаза на набавка на првите дози и

Deutschland Gesundheit Impfung Schweinegrippe

Вакцини

заштитни маски. Министерот за здравство Бујар Османи најави100 илјади вакцини: „Обезбедена е квалитетна вакцина, регистрирана во Европската агенција за лекови. Кога компанијата ќе ги дистрибуира кај сите земји во регионот, ќе ја дистрибуира и кај нас, а тоа некаде во текот на ноември“.

Во меѓувреме се преземаат дополнителни мерки за заштита во училиштата. Здравствените инспектори контролираат дали се почитуваат препораките. Констатиран е висок степен на нехигиена во повеќе училишта. Одговорните во училиштата се правдаат дека немаат доволно пари за да обезбедат средства за хигиена и да ги спроведат против епидемиските мерки.

Првиот случај на свински грип во Македонија беше потврден на почетокот на јули. Националниот комитет за заштита од пандемијата предвиде две сценарија. Според отпимистичкото од опасниот грип ќе заболат една четвртина од македонските граѓани. Пострашното предвидување смета дека половина од населението ќе биде зафатено со вирусот.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска