1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

СТО постигна „историски договор“

Светската трговска организација на конференцијата во Бали, иако со задоцнување, сепак ја постигна својата цел - договор за либерализација на глобална трговија. Од договорот треба да профитираат и богатите и сиромашните.

По долгогодишните преговори е постигнат историски договор за отстранување на трговските бариери во светот. До т.н. „Пакет од Бали“ за трговските олеснувања, како и за помош на земијте во развој, согласност постигнаа речиси сите 159 земји членки на Светската трговска организација (СТО). „Постигнатиот договор е важен чекор. Првпат во историјата СТО може да го одржи своето ветување“, изјави генералниот секретар на организацијата, Роберто Азеведо.
„Пакетот од Бали“, покрај останатото, предвидува сеопфатни трговски и царински олеснувања чие влијание во светската светската трговија, како што наведуваат стручњаците, се проценува на околу еден билион долари (околу 730 милијарди евра). Освен тоа, таков чекор би можел да придонесе за отворање на околу 20 милиони нови работни места ширум светот.
Од отстранувањето на трговските бариери нема да профитираат само индустриски развиените земји. Полза ќе имаат и сиромашните земји во развој, за кои е предвидена соодветна поддршка.



Фаќање на последниот воз“

Конференцијата на СТО на Бали се сметаше за можеби последна шанса за заживување на либерализацијата на светската трговија, која стагнира последните 12 години. Процесот на либерализација долго го кочеа разликите меѓу индустриски развиените и сиромашните земји.
Против „Пакетот од Бали“ и натаму се Куба, Боливија, Венецуела и Никарагва. Според зборовите на портпаролот на СТО, Кит Роквел, овие четири латиноамерикански земји се незадоволни бидејќи од договорот се избришани деловите од текстот за американското ембарго на Куба воведено во 1960 година.
Индија ист така долго размислуваше дали да го потпише договорот. Њу Делхи бараше специјална дозвола за својата субвенционирана програма за исхрана на населението. Индија во август ја усвои програмата за помош со која 820 милиони луѓе имаат можност по ниска цена да дојдат до ориз и житарици. Од овој мамутски прооект не профитираат само сиромашните, туку и фармерите и трговците. Преговорите кои требаше да бидат завршени во петокот, се продолжени сѐ до постигнување на договорот. Индискиот министер за трговија Ананд Шарма на крајот сепак го поддржа компромисниот предлог.