1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Сто години Шалке 04

Кога на 4 мај 1904 година младите вљубеници во фудбалската игра го основаа Шалке 04, никој не можеше да претпостави дека од работничкото друштво на квартот Шалке во Гелзенкирхен ќе изнинкне веројатно најпознатиот клуб во Германија

Грбот на Шалке 04

Грбот на Шалке 04

“Овој ореол на екипата Шалке 04, таа љубов и преданост се да се даде за клубот, тоа не можете да го најдете кај ниту една друга екипа во Германија“. Руди Асауер, и самиот поранешен профи-фудбалер, денес е менаџер на седумкратниот првак на Германија. За човекот со цигара кој и самиот слави 60-ти роденден, популарноста на Шалке се разви меѓу двете светски војни.

“Во тоа време собравме исклучително добри фудбалери на чело со Ернст Куцора и Фриц Чепан. Од тогаш се појави и позантиот поим “Шалкеовиот виор“. Тоа подразбираше збунувачки комбинации на нападот, пред се брзи пасови по земја. Кралско-сините доминираа во фудбалот во рурскиот регион, а потоа во цела Германија.

Беше роден “митот Шалке“ кој ги фасцинираше и подоцнежните генерации со што беше поставена и основата за огромно друштво на навивачите, вели Асауер. “Се појави клуб во Германија кој едноствано ширеше радост, кој играше извонредно во Германија и во Европа, патуваше во Англија и ги победуваше англиските професионални клубови“.

Секако, Шалке 04 им припаѓа на 16-те клубови кои во 1963 година стартуваа во Првата сојузна лига. Клубот подоцна беше вмешан и во скандали во лигата, подеднакво како и некои претседатели на клубот. Но и во тоа Руди Асаеур гледа нешто позитивно:

“Таквите нешта го прават клубот симпатичен, имаше скандалчиња и скандали, луѓе се убиваа за клубот. И тоа се се случуваше во Шалке“.

По подолги спортски неуспеси Шалке 04 во 1997 година под водството на Асауер, стана сензационален победник на купот на УЕФА. Одлуката во мечот против Интер од Милано падна на пенали. Тимот на Хуб Стевенс во историјата на Шалке влезе како “еврофајтер“. Екипата остана на курост на успесите и уште двапати го освои националниот куп.

Од почетокот на овој век Шалке игра на еден мултифункционален стадион. Неговата “Арена“ со прекрасен тревник и со покрив што се затвора, со околу 60 илјади седишта, важи за еден од најмодерните стадиони во Европа.

“Некој некогаш со право рече дека за многумина луѓе во Германија Шалке е религија. Место да одат во црква, одат кај Шалке 04. Тоа верба во еден клуб што во таква форма во Германија ја има малку кој друг“.