1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Сто години ФИФА

На денешен ден пред сто години е формирана светската фудбалска федерација ФИФА, раководното тело на денес најпопулариниот спорт во светот – фудбалот.

Пртеседателот на ФИФА Сеп Блатер

Пртеседателот на ФИФА Сеп Блатер

По тој повод вчера во Париз беше одржан редовен конгрес на оваа асоцијација на кој беа доделени “Медали за заслуги“, а беа одиграни и два натпревара: светскиот првак во женски фудбал Германија против избрана светска екипа, а потоа и дуел меѓу двата последни светските прваци Франција и Бразил.

Претседателот на ФИФА која има 204 членки, Сеп Блатер вчера во парискиот хотел “Карусел де Лувр“ укажа на придонесот на Франција, фудбалот да стане глобален спорт. Пред сто години седуммина луѓе се состанаа во една мала канцеларија во Париз и ја основаа ФИФА. Жил Риме во 1930 година го осмисли светското првенство, а Робер Геран беше првиот претседател на ФИФА. Меѓу присутните гости беа градоначалникот на Париз, Бертран Делано, францускиот премиер Жан Пјер Рафарен, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Жак Рог и голем број поранешни и сегашни фудбалски ѕвезди. На конгресот светска куќа на фудбалот додели “Медали за заслуги“, а меѓу добитниците се и Германците Франц Бекенбауер и Гинтер Нецер. Медал добија и Британската меѓународна фудбалска федерација основана во 1886 година и која ги пропиша правилата што и денес важат во модерниот фудбал, поранешниот претседател на ФИФА Жоао Авеланж и легендата на светскиот фудбал Пеле.

Пред сто години на 21 мај во улициата Сен Онор број 229 во центарот на Париз Робер Геран и уште шестмина го напишаа првиот статут на ФИФА.

По повод стогодишнината се одигра и гала натрпевар меѓу репрезентациите на Франција и Бразил, победници на последните две светски првенства. Пред повеќе од 80 илјади гледачи, во мошне интересен натпревар, тие се разделија пријателски играјќи без голови 0 спрема 0. Претходно женскиот светски фудбалски првак Германија загуби од светскиот избор со 3 спрема 2. Во Њујорк, пак, Обединетите нации по повод стогодишнината на ФИФА ја истакнаа улогата на фудбалскиот спорт за помошта на многу деца во целиот свет. Фудбалот учи на мирни патишта за решавање на конфликтите, носи барем малку нормалност во живтот и го поттикнува присхичкиот и емотивниот развој, се вели во пораката на светската организација.