1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Стојчев – шеста победа на Охридскиот маратон

На маратонот учествуваа 16 пливачи

default

Маратонот се одржа во водите на Охридското езеро на релација Свети Наум - Охрид

Петар Стојчев од Бугарија е победник на 21-от меѓународен Охриски пливачки маратон. По 30 испливани километри, во возбудлив финиш Стојчев беше 3 секунди побрз од Аргентинецот Дамиан Блаум, а шест од третопласираниот, својот сонародник Тихомир Иванчев.

Во женска конкуренција победи Естер Нуњес Морера од Шпанија, која имаше севкупно шесто најдобро време, додека најдобропласиран од македонските пливачи е 17-годишниот Евгерниј Поп-Ацев. Тој е седми во машка конкуренција, а севкупно деветти. Учествуваа 16 пливачи – 11 мажи и 5 жени.