1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Стотици уапсени демонстранти во Франкфурт

Активистите на движењето „Блокјупај“ денеска (18.05) повторно протестираа против банките и европската политика на штедење. Полицијата во Франкфурт мораше да интервенира.

Полицијата мораше да употреби водени топови пред Европската централна бака, каде протестираа демонстрантите на движењето „Блокјупај“. До пладне неколку стотици демонстранти беа уапсени, но портпарол на полицијата изјави дека состојбата е „мирна“. Демонстрантите протестираа во близина на „забранетата зона“. Дел од сојузот „Блокјупај“ се организации од левиот спектар. Тие во банкарската четврт во Франкфурт го креваат својот глас со тропање, окупирање на уличните раскрсници и запоседнување постојано нови места. Полицијата ги урива блокадите и ги растура протестните маршеви, на кои учествуваат по околу илјада луѓе.

Портпаролот на „Блокјупај“, Кристоф Клајне, оцени дека акциите биле успешни. „Финансиската метропола Франкфурт е во голем дел е парализирана“, изјави тој попладнево. Работата во Европската централна банка и другите банки е попречувана.

За утре се најавени демонстрации на околу 30.000 луѓе, меѓу нив и околу две илјади припадници на автономното движење од цела Европа, кои се подготвени на насилство. Критичарите на капитализмот планираа повеќе демонстрации, но градот Франкфурт тоа го забрани. По жалбите поднесени пред повеќе судови, дадена е дозвола за демонстрации утре.

Сојузот „Блокјупај“ протестира против европската кризна политика. Движењето го поддржуваат, меѓу другите, Партијата на левицата, критичарите на глобализацијата од Атак, синдикати и активисти на движењето „Окјупај“, кои есента 2011 година, пред Европската централна банка ги постави своите шатори.