1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Стотици пречки до ИПА фондовите

Претпристапните ИПА фондoви на ЕУ за Македонија се отворени. Бројните критериуми, високите стандарди и неизвесноста создаваат нервоза кај апликантите. Велат ќе испадне: „Ни даваат пари, не знаме како да ги земеме“.

default

Трескавично очекувани како спас кој ќе ја раздвижи македонската економија, претпристапните фондови со свежи пари кои стојат на некое банкраско конто создваат нови проблеми. Ги има, а тешко се доаѓа до нив. Таков е случајот и со програмата ИПА за финансирање трансгранични проекти меѓу Македонија и Албанија. Неодамна беше распишан вториот повик во вредност од над 3, 5 милиони евра. Парите се за проекти кои ќе се спроведат од двете страни на границата од областа на економскиот развој со акцент на туризмот, за заштита на животната средина, за културни врски, здравство и спорт.

Апликантите незадоволни

Albanien Land und Leute See Ohrid ind Dorf Lin

Охридско езеро

Лани со првиот повик до седиштето на заедничкиот секретаријат од ИПА програмата во Струга пристигнале 60 проекти од исто толку непрофитни организации и институции. Се чека долгата еваулација, вели раководителот Гоце Толески: „Еваулацијата се врши преку четири чекори. Нема резултати, зашто процесот не е завршен. За спроведување на меѓуграничната соработка задолжени се Министерството за локална самоуправа од македонска и Министерството за евро интеграции од албанска страна.“

Без помош, невладините нема да стигнат до пари од ИПА програмите

Невладиниот сектор е во подредена состојба смета Мате Гогоски од Еколошкото друштво „Енхалон“. Тој вели дека критериумите се недостижни и ако не стигне помош невладиниот сектор од двете страни на Езерото ќе се откаже од аплицирањето: „Една година да се нема сознание, тоа е преседан. Ако Европската унија работи вака не знам каде ќе ни биде крајот. Сведоци сме на двојни стандарди. Цела Европа конкурира со проекти на својот мајчин јазик, Македонија и Албанија се исклучок, мораат на англиски.“

Покрај добро досие и искуство во последните три години со повикот се бара невладините организации, еднакво со сите останати да покажат финансиски од 25 до 100 илјади евра обрт во тој период, додава Гогоски: „Како да сме бизнис заедница, од нас се бара учество од 15 проценти и повеќе. Од каде ќе најдеме средства. Не може непрофитна организација да обезбеди ваков лимит за учество. Сметам дека треба нешто да се менува и кај нашите власти и во ЕУ во критериумите. Ќе испадне: Еве ви даваме, а вие не сакате. “

Претпазливо до партнерите

Jens Adler Teamleiter GTZ Mazedonien

Јенс Адлер

Апликантите внимателно треба да бараат партнер од другата земја. Контактите се скапи, најчесто луѓето од невладините организации се плаќаат од сопствен џеб, без некој да им гарантира дека нивниот проект ќе биде прифатен. „Значајно е да се посвети доволно внимание на понатамошна обука на луѓето во регионов, од сите невладини организации и сите кои се активни во однос на развој на проектни идеи, во изработка на квалитетни предлози и изнаоѓање соодветни партнери за спроведување на проектите. Апелирам до оние кои ја имаат моќта на одлучување да им дадат целосна поддршка на сите кои ќе се вклчуваат во овие процеси, зашто тоа е многу важно“, смeта Јенс Адлер - тим лидер на Германското друштво за техничка помош и соработка во Македонија.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Александра Трајковска