1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Стотици мртви во катастрофата во Бразил

Најголемата катастрофа во историјата на Бразил, досега ги однесе животите на повеќе од 500 луѓе. Во лизгање на земјиштето предизвикано од поројните дождови, срамнети се со земја цели региони.

default

Повеќе од 500 луѓе досега ги загубија животите во поројните дождови и лизгањето на земјиште во Бразил. Медиумите ја опишуваат состојбата во регионот Серана, 100-ина километри северно од Рио де Жанеиро, како „најголемата природна катастрофа во земјата“.

Во 1967 година во поплавите, во реон северно од градот Сао Паоло, загинаа 436 лица, посочуваат агенциите.

Најмногу жртви - 225, се регистрирани во градот Нова Фрибурго, на 140 километри од Рио де Жанеиро. Во Терезополис, на 100 километри од главниот град на државата, загинаа 223 лица, а во соседното градче Петрополис - 39. Властите стравуваат дека бројот на жртвите и натаму ќе расте бидејќи спасувачките екипи со потешкотии пристигнуваат на местата погодени од несреќата.

Flash-Galerie Brasilien Dilma Rousseff Flut Erdrutsch

Претседателката Дилма Русеф изјави дека е потресена од трагедијата

„Изгледа многу потресно. Сцените се шокантни“, изјави претседателката на Бразил, Дилма Русеф, за време на посетата на регионот.

Најпогодени - сиромашните фавели

За време на силна бура во средата во областа падна количество дожд вообичаено за цел месец, што пак предизвика лизгање на земјиштето, особено во ридестите делови, каде се наоѓаат бројни сиромашни населби - фавели.

Brasilien / Unwetter / Teresopolis

„Зафатените реони со свлечишта изгледаат како по силен земјотрес“, изјави градоначалникот на Терезополис Жоржи Марио.

Во некои реони се разурнати сите станбени згради, разорени се патиштата и се урнати мостовите.

Црквите и полициските станици во регионот се претворени во мртовечници и мирисот на распаднатите човечки тела се чувствува насекаде, јавуваат агенциите. Илјадници луѓе спасот го бараат во импровизираните засолништа.

Автор: БГ/афп/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска