1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Стотици милиони евра повлечени од кипарски филијали

Стотици милиони евра се повлечени од кипарските банки преку нивните филијали во Лондон и Москва тогаш кога обичните Кипрани можеа да повлечат од банкоматите неколку стотина евра на ден, соопшти грчката телевизија Мега.

Според информации на телевизијата, остро се критикува гувернерот на кипарската Централна банка, Паникос Димитриадис, кој во екот на кризата одобри да продолжат со работа филијалите на Банката на Кипар и Кипарската народна банка во Лондон. На овој начин стана возможно повлекување на огромни суми од сметките во кипарските банки во британската престолнина и преку една банка во Москва.

Повлекувањето на стотици милиони евра од филијалите на кипарските банки во странство е правдано со неопходноста од купување хуманитарна помош, лекарства или гориво за авионите. Европските преговарачи дознаа дека нешто не е во ред кога кипарската Централна банка побара повеќе пари од сумата, која првично беше пријавена во Европската централна банка.

Грчката телевизија Мега посочува дека гувернерот на кипарската Централна банка Паникос Димитриадис во моментов е цел на напад од целото политичко раководство заради неговите активности за време на кризата и има се повеќе барања за негова оставка. За да се случи тоа неопходни се промени на Уставот, а самиот банкар истакнува дека ЕЦБ позитивно ја оценува неговата работа на позицијата гувернер на Централната банка.

Schulden Haushalt Steuern Währung Konjunktur Euro

Најниска вредност на еврото од ноември минатата година

Пад на вредноста на еврото поради кризата на Кипар

Првпат по повеќе од четири месеци, вредноста на еврото денеска падна под 1,28 долари, како резултат на засилените стравувања дека планот за спас на Кипар ќе има негативни последици врз еврозоната. Нешто пред пладне едно евро на Девизната берза во Лондон се менуваше за 1,2789 долари, што е најниска вредност на европската валута во однос на американската од 11 ноември минатата година.

Девизните пазари стравуваат дека мерките за спас на кипарската економија, кои вклучуваат драстично преструктуирање на банките на Кипар и оданочување на банкарските заштеди поголеми од 100.000 евра, би можеле да имаат негативни последици врз еврозоната. Дополнителна неизвесност има и во пресрет на утрешниот ден, кога по десетина дена ќе бидат отворени експозитурите на банките на Кипар, што може да резултира со еветуален наплив на клиентите во обид да ги извлечат своите заштеди.

Покрај ова, иневститорите стравуваат дека кризата со банкарскиот сектор на Кипар би можела да се повтори и во некоја друга земја-членка на еврозоната.