1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Стотици бегалци спасени пред бреговите на Италија и Грција

Италијанската морнарица на почетокот на новата година пронајде повеќе од 200 бегалци во водите на Средоземното Море. Исто така и грчките крајбрежни единици спасија бегалци во Егејското Море.

Во текот на ноќта италијанската морнарица пронајдене 233 мажи и жени. Тие патувале низ немирните води на Средоземното Море јужно од островот Лампедуза со преполн брод, со кој не би смееле да пловат. Мигрантите од Еритреа, Нигерија, Сомалија, Пакистан, Замбија и Мали со фрегата на морнарицата биле пренесени на островот Сицилија.

233 мигранти се првите бегалци во ова година, кои беа спасени од морнарицата пред италијанскиот брег. По бегалската драма од октомври минатата година, кога повеќе од 360 луѓе го загубија животот пред Лампедуза Италија ги зајакна контролите во Средоземното Море.

Грчката крајбрежна служба во водите на Егејското Море во текот на ноќта спаси 85 бегалци.

Секоја година илјадници беглаци се обидуваат преку Средоземното Море да стигнат во Европската унија. Според податоци на Министерството за внатрешни работи во Рим бројот на бегалци во 2013 година се зголемил повеќе од трипати, односно биле регистирани речиси 43.000 бегалци.