1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Стотина загинати во пожар во кинеска кланица

Место на несреќата е градот Дихуи, во североисточниот дел од Кина. Како често при вакви катастрофи, настраданите работници не можеле да се спасат поради заклучените врати и претесните излези.

Најмалку 112 лица загинаа, а десетици други се  повредени при пожар во фабрика за преработка на пилешко месо во градот Дихуи во провинција Џилин во североисточна Кина. Очевидци сведочат за експлозии.

Причина за избувнувањето на пожарот, за чије гаснење на пожарникарите им требале пат часа, веројатно била краток спој во еден од производствените погони.

Во време на избувнувањето на пожарот во кланицата за птици на компанијата „Баојоан“ се наоѓале над  300 лица. Стотина работници успеале да ја напуштат фабриката, чии врати биле заклучени во моментот на избувнувањето на огнот. Акцијата за пронаоѓање на жртвите е отежната поради сложената конструкција на опжарениот објект и тесните излези.

Поради страв од испуштените хемикалии, евакуирани се зградите во радиус од илјада метри околу кланицата. Во Кина често се случуваат тешки несреќи во фабриките и во рудниците.