1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Стотина жртви во несреќата на фериботот кај Занзибар

Пред брегот на Танзанија, кај островот Занзибар, ноќеска потона преполн ферибот. Во несреќата има најмалку 163 загинати.

default

Министерот за вонредни ситуации на Занзибар, Мохамед Абуд, изјави дека досега се извлечени телата на 163-ца загинати. Спасени се 325 луѓе, меѓу кои 60 деца, изјави Абуд.

На фериботот „МВ Спајс Ајлендер“ имало околу 800 патници. Преполниот ферибот ноќеска (09.09) околу еден часот по полноќ се превртел на пат меѓу островите Унгуја и Пемба. Причината за несреќата засега е непозната. Еден од преживеаните, Абдула Сајед, изјави дека фериботот во раните утрински часови потонал во дел на океанот со големи морски струи.

Во пристанишниот град Стоун Таун илјадници луѓе чекаат вести за несреќата и акцијата на спасување. Некои од нив на фериботот имале по повеќемина членови од семејството.

Според наводи на Црвениот крст, спасувачите се се‘ уште во акција, но немаат доволно соодветна опрема. Германското министерство за надворешни работи соопшти дека засега нема информации за загинати германски државјани.

Автор: ЕМФ/дпа/афп

Редактор: Б. Георгиевски