1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Стотина жртви во насилствата во Сирија

Во борбите во и околу градот Хомс вчера загинале повеќе од 100 луѓе, тврдат извори во Сирија. Нема договор за евакуација на западните новинари.

Најмалку 124 луѓе се убиени вчера во Сирија, соопштија активисти за човекови права. Локалните координациски комитети соопштија дека меѓу жртвите се 64 цивили кои се обиделе да избегаат од Баба Амро, кварт на градот Хомс. Тие податоци не може да се потврдат од независен извор, јавуваат западни медиуми.

Protest gegen neue Verfassung in Hameh, Syrien

Протест против нов Устав

Сириските граничари спречиле обид за упад на диверзанти во јужната провинција Дераа на границата со Јордан. Сириски медиуми јавија дека обидите за договор за евакуација на ранетите западни новинари од Хомс засега се без успех. Западните агенции утрово јавуваат дека во Хомс биле испратени елитните моторизирани единици на режимо,т кои ги предводи братот на претседателот на државата Махер ал-Асад. Нема независна потврда ниту на оваа информација.

Сириските власти соопштија дека 89 отсто од граѓаните во неделата гласале за измените во Уставот кои беа ставени на референдум. Излезноста на референдумот била 57 проценти. Западните сојузници и сириската опозицијата не го признаваат референдумот.

Автор: БГ/ап

Редактор: Ж. Ацеска