1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Стоп за хаосот во урбанизацијата

До крајот на јуни 2010 година, треба да биде усвоен Законот за управување со светското и културно наследство на Охридскиот регион. Законот се носи по препорака на УНЕСКО и веќе е пред пратенците. Што ќе донесе ?

default

Македонија чекори кон Европа, веќе има закони за заштита на природата и за заштита на културното наследство, но се‘ уште нема план за управување со светското културно и природно наследство во охридскиот регион. Претставниците на УНЕСКО по мониторинг мисиите го забележале и отсуството на една ваква законска рамка за мошне значаен регион кој се вбројува во светската природно-културна ризница. Регионот е меѓу 20-те членки кои во регистарот на УНЕСКО се по два основа: природно и културно наследство, вели Дејан Паноски од билатералниот комитет за заштита на сливот на Охридско Езеро:

„Се формира Комисија од претставнци од надлежни институции. Комисија која ќе биде на некој начин одбранбениот столб, односно последниот филтер пред донесување одлуки коишто се врзани со детални урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација во охридскиот регион, состојба која се виде дека годиниве наназад го оптоварува регионот од аспект на деградација.“

УНЕСКО- алиби за притисоци и нов закон

Со законот се очекува да се стави ред во хаосот со неконтролираната урбанизација, пред се‘ во Охрид и Струга, но и општината Дебрца. Години наназад дел од македонската јавност, пречесто, дури и дневно-политички шпекулираше со наводно директните закани за бришење на Охрид од листата на УНЕСКО . Вистината

Panoramabild von Ohrid

очигледно е некаде на средината. Претставниците на УНЕСКО на оваа тема, сепак, упатувале само забелешки и препораки. Всушност, со донесувањето на овој закон ќе се постигне најголемата одбрана, додава Паноски:

„Значи, одбрана од натамошната урбана деградација и од носење мерки коишто ќе се на штета и на урбаната целина на Охрид и регионот, кои можат да бидат на штета на био-диверзитетот и да имаат негативно влијание врз туризмот и туристичката понуда.“

Регионот има голем потенцијал, но останува отворено прашањето: ќе имаат ли општините, но и државата, капацитет да го спроведуваат законот што до крајот на јуни ќе треба да се изгласа во Собранието на Република Македонија? УНЕСКО и Европа за таа намена имаат ширум отворени фонодови, но апликациите од Македонија се‘ уште се бројат на прсти:

„Секако со изгласувањето на законот ќе бидеме многу поблиску до изнаоѓање можности за грантови независно дали се работи за заштита на културното и природното наследство. Законот како еден значаен стратешки документ е многу важен и во иднина преку него би се повикувале за аплицирање на некои меѓународни проекти “ вели за Дојче веле Антонио Балески, член на Националното координативно тело за изработка на планот за заштита на светското природно и културно наследство на охридскиот регион.

Охрид пред Венеција

Звучи неверојатно, една Венеција нема се‘ уште Закон каков што ќе се донесе за охридскиот регион. Тоа може да е предност за Македонија, заклучува Балески:

Ohrid 1

„Венеција нема донесено ваков закон. И не само овој град, туку и други мста во светот што се на листата на УНЕСКО. Охрид беше посочен како добар пример дека колку и да е комплексна проблематиката одиме чекор понатаму, кон тие препораки кои доаѓаат од УНЕСКО, а кои се однесуваат на соодветна заштита на културното и природното наследство и зачувување на светските универзални вредности за идните генерации.“

Во лавиринтот на собраниската администрација се подготвува и Законот за Охрид со кој ќе се заштити градското културно јадро.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска