1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Стоп за самоволната политика

Организацијата за човекови права Амнести Интернешнл, во извештај на 112 страници, го обвинува Израел дека во окупираните територии не овозможува пристап до доволно вода, со тоа што ги контролира ресурсите.

default

Западниот брег страда за вода

Според студијата на Амнести Интернешнл, објавена изутринава (27.10.2009), Израел користи 80% од водата на Западниот брег, додека на палестинското население таму му остануваат на располагање само 20%. Од водата на реката Јордан, Палестинците не користат ништо. Донатела Ровера, раководител на програмата за Блискиот Исток на организацијата за човекови права Амнести Интернешнл и автор на студијата, вели:

„Палестинците користат 60 до 70 литри вода по лице дневно, а Израелците околу 300 литри по лице. Разликата е огромна. Во многу делови на Западниот брег палестинските села трошат 15 до 20 литри вода по лице дневно.

Westjordanland Jericho Tourismus Palästina

Тоа е количество кое одговара на количествата кога се прогласува состојба на катастрофа. Во сите селски подрачја во израелските населби има зелени, наводнети површини, базени, прскалки за наводнување кои се пуштаат напладне и со кои дефинитивно се расфрла вода, а во палестинските села покрај нив нема вода за пиење. Палестинците се упатени на цистерни за вода, кои носат многу скапа вода и воопшто не се во состојба да ги наводнуваат нивните полиња, па затоа садат растенија коишто можат да растат само со вода дождовница.“

Во појасот Газа, 90 до 95% од водата за пиење што стои на располагање е нечиста. Амнести Интернешнл бара од Израел да си ги извршува обврските како земја која ги окупирала териториите и веднаш да и’ стави крај на политиката на самоволно ограничување на пристапот на Палестинците до вода.

Автор: Клеменс Ференкоте/ Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска