1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Стоп за насилството врз жените

Секоја втора жена во Македонија е жртва на насилство. Овој загрижувачки статистички податок и годинава не ги отврати жените од традиционалните осмомартовски кафеански лумперајки. Голем дел од нив на овој начин слават и денеска. Но во Скопје се оддржа и трибина за запирање на насилството врз жените.

default

Сојузот на женски здруженија на Македонија организнираше трибина под мотото: 8ми март поинаку – нулта толеранција за насилството врз жените. Се слушнаа спротивставени мислења, од ставот дека македонската жена е еднакво емпанципирана колку европската до гледиштето дека жената во Македонија сеуште не може да се ослободи од балканските стеги на традицијата. „ Многу одамна македонската жена ги има правата. Ако се смета правото на глас, многу поодамна од жените во Ервопа кои многу покасно се вклучија во барање и реализирање на своите права. Така што мислам дека македонската жена сега се наоѓа во нови услови.“

Особено запоставени во правата се жените од руралните средини вели Асановска Азиза, претставник на жените од Западна Македонија. „Балкан си е Балкан. Има некои што дозволува да се образува жената, да се вработи да е поеманципирана. Јас каде што работам, Реканскиот крај е рурална средина, и жените имаат поинакво сфаќање. Таму и јас, веќе шест години функцирам, има резултати од работењето на Организацијата за жените Радика“

Во Македонија не е лесно да си жена особено жена Ромка вели Мбера Кмбери од Министерството за труд. „Иако постои верување дека жената е дискриминирана бидејќи е жена, за жената Ромка ќе кажам дека е двојно дискриминара.“

Во прилог на половата нееднаквост во Македонија се и следните податоци. 60 проценти од жените во Македонија доживеале некаква форма на сексуално вознемирување на работното место. Во улога на вработени се само 60 проценти жени, а во улога на работодавци двојно помалку. Расте процентот на семејно насилство врз жените во облик на физичка или психичка тортура, а во последно време се зголемува дури и оруженото насилство врз жената обелодени Наташа Доковска „Ние веќе четири години правиме телефонски анкети за вооруженото насилсвто врз жената во Македонија, што е во рамките на меѓународната кампања, Контрола на оружјето. Последните податоци од фебруари оваа година покажуваат дека вооруженото насилство врз жените во Македонија расте од година во година. “

Учесниците на денешната трибина ја повикаа државата повеќе да се заложи и да обезбеди подеднаков третман и полова рамноправност во македонското општество.

Поврзана содржина