1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Стопирана помошта за Дарфур

Судан, на неодредено време им забрани на ОН да испорачуваат хуманитарна помош во кризниот регионг Дарфур затоа што службеници на светската организација со хеликоптер го превезле водачот на бунтовничката група.

Не стига помошта до бегалците од Дарфур

Не стига помошта до бегалците од Дарфур

Претставникот на министерството за надворешни работи на Судан во главниот град Картум изјави дека хеликоптер на ОН превезол еден бунтовнички водач без одобрение на суданските власти. Овој потег е спротивен на договорот и означува тешка повреда на суверенитетот на земјата. Суданските власти очекуваат одговор и објаснување од ОН. Од Њујорк се уште нема никаква реакција за случајот. Веста за настанот во јавноста излезе преку медиумите. Тие се повикуваат на извори од суданските власти, според кои Светската програма за храна и програмите на УНИЦЕФ не се опфатени со оваа забрана.

Не е објавено за кој водач на бунтовниците се работи, но можно е да е тоа Сулејман Адам Јанос. Тој важи за умерен и важен човек за контакт со соработниците на ОН во Дарфур. Во меѓувреме и бунтовничките групи во Судан се разединија. Така најголемата група од нив, Суданската ослободителна армија на 5 мај потпиша спогодба за окончување на тригодишниот конфликт на западот од Судан. Сулејман Адам Јанос беше против потпишувањето на ваквиот договор.

Дарфур е се уште далеку од било каков мир. На северот од кризната провинција се уште се водат борби меѓу бунтовничките групи. Ситуацијата е се потешка и населението се повеќе пати. Според најновите проценки на УНИЦЕФ, поради порастот на насилството само половина од речиси два милиона бегалци може да биде снабдени со храна. Поради порастот на насилството влошена е и ситуацијата за 14 000 соработници на повеќе хуманитарни организации што работат таму.

Во граѓанската војна на западот од Судан во изминативе три години, според податоците на ОН убиени се 300 000 луѓе. Властите во Картум на чело со претседателот Омар ел Башир сепак одбиваат доаѓање на мировни сили на ОН во нивната земја.