1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Стопанството им ги „крати“ парите на партиите

Германското стопанство ги крати парите за поддршка на политиката. Партиите во 2012-та, според медиумски извештаи, добиле една третина помалку големи донации во споредба со годината пред тоа.

Весникот „Франкфуртер Рундшау“, повикувајќи се на претседателството на Бундестагот, пишува дека во 2012-та година партиите кои се застапени во парламентот добиле 1,3 милиони евра големи донации. Во 2011-та година партиите добиле 2,03 милиони евра. Според законот за финансирање на партиите, донациите над 50.000 евра важат како големи донации и мора да бидат објавени.

Најголем профитер од големи донации е Христијанско-демократската унија на канцеларката Меркел. Таа, како што пишува весникот, добила 460.000 евра од Здружението на Баварската метална и електро индустрија, како и од автопроизводителот БМВ.

Големите донации за партиите се намалуваат со години. Во годините кога се одржуваат избори традиционално во партиските каси се влеваат најмногу пари.

„Франкфуртер Рундшау“ наведува дека меѓу големите донатори во последните години паѓа в очи дека ги нема донаторите од финансиската бранша. Најмногу донирала металната индустрија, текстилната индустрија и трговија, како и автопроизводителите БМВ и Дајмлер.