1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Лицата на Германија

Стоматологот Душан Бараќ од Бад Хомбург

За многумина заболекарите се луѓе во бели мантили, со лице сокриено зад маската и дупчалка во рацете. Душан Бараќ од Бад Хомбург го покажа своето лице и дозволи поглед во неговиот живот.

default

Ранобудник против волја

Душан Бараќ наутро сака подолго да поспие. Но, заболекарот мора да се ориентира според времето на своите пациенти. Во понеделник му е најтешко. Тогаш почнува да работи во 7 часот. Во останатите денови во ординацијата е во 8 часот. Стоматологот има 33 години, спортски тип е и има темнокафеава коса. Неговата мајка потекнува од Унгарија, а татко му од Србија. Бараќ е роден во Германија. „Јас сум вистински франкфуртќанец“, се смее тој.

Gesichter Deutschlands Porträt DuBa

Повеќе од една година има своја ординација

Бараќ течно зборува три јазици: германски, унгарски и српски. Поради тоа, некои од неговите странски пациенти свесно доаѓаат кај него.

Стоматолог, секретарка, менаџер

Душан Бараќ ја обожава својата професија. Уште на 10 години сакал да стане стоматолог. Од пред 7 години навистина ја работи неговата работа од соништата. Пред се‘, му се допаѓа промената. Му се допаѓа и тоа што работи нешто со рацете и директно го гледа резултатот. Во меѓувреме, има стекнато многу искуство во својата професија. „Во оваа работа веќе нема ништо што може да ми остави впечаток“, вели при еден третман на корен на заб.

Gesichter Deutschlands Porträt DuBa

Го сака спортот

Повеќе од една година има своја ординација. Инвестирал многу работа и пари, а вработил и тројца соработници. Поради тоа, неговата работа не се ограничува само на лекување заби. Тој е по потреба и секретар, или менаџер.

Нема време за пауза за ручек

Поради ваквото трикратно оптоварување, Душан Бараќ речиси и нема време за ручек. Додека неговите асистенти одат на ручек, тој завршува некои административни работи, па мора да се задоволи со еден сендвич понесен од дома. Како свој сопствен газда, тој ја носи одговорноста за успехот на новата ординација на својот грб. Притоа, го поддржуваат неговите родители и неговата девојка.

Со сопствените заби Бараќ нема проблеми. За превентивата и негата на неговите заби се грижат неговите соработници. Самиот тешко може да си

Gesichter Deutschlands Porträt DuBa

Мрзеливо да се полежи на каучот е една од работите кои се ретки и затоа скапоцени

претпостави да оди кај некој друг стоматолог. Секој има свој начин на работа и на Бараќ не му се верува дека колегата има исти претстави како него.

Не сака сам да готви

Кога навечер ја напушта својата ординација, Душан Бараќ се‘ уште не ја завршил сета работа. Се‘ што останало и не се завршило во текот на денот, го завршува од дома. Како ординацијата, така и станот се наоѓа во хесенскиот град Бад Хомбург, пред портите на Франкфурт. Тој таму живее со својата девојка Ребека. Двајцата се грижат за нивната мачка Маја. Мачката ја нашле пред две години во една шума, сосема изгладнета. На мачката се гледа дека кај нив двајца добро се чувствува. Бараќ сака животни. Она што не сака е - да готви.

Тоа за него го прават неговата девојка, а понекогаш и мајка му. Повеќе сака своето време да го помине спортувајќи. Фитнесот му е многу важен. По вечерата сака и малку мрзеливо да полежи на каучот, зашто мора да собере сили за следниот ден.

Автор: Лидет Абебе / Виолета Вај

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

WWW-линкови