1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Стои на глава и свири клавир

Младиот Германец Денис Р. Фолк ужива во умешното изведување клавирски дела во необични пози. Тој свирењето на овој инструмент го прави интересно и за младите луѓе, со тоа што прави необични пози при свирењето клавир.

ШТО свири овој човек на пијано - овде не станува збор за тоа ШТО, туку КАКО тој свири. Некои можеби се прашуваат - дали тоа е перфектната поза за свирење пијано?

„Да, тоа зависи од начинот на гледање“, вели младиот пијанист.

Денис Р. Фолк од Долна Саксонија знае што прави. Пијанистот веќе има објавено четири албуми, оди на турнеи низ Германија и различни европски земји и успешно се докажува во забавната индустрија - и сето тоа на 27 годишна возраст.

Гледај видео 02:13

Акробат на пијано

И покрај тоа, ова што го гледаме би рекле е... чудно. Чудно е затоа што пијанистот стои на глава и свири на овој инструмент. Свирењето клавир би можело да биде многу поедноставно. Но, сосем нормално, онака седејќи, едноставно не е толку атрактивно.

„Значи, во шоубизнисот мора секогаш да се обрне внимание на тоа да се има настап каков до сега никој немал. Јас претходно бев гимнастичар, па беше природно да ја поврзам гимнастиката со свирењето клавир“, вели акробатот на клавир Денис Р. Фолк.

Всушност ова е добја идеја и за оние кои „од нула“ почнуваат да учат свирење клавир. Часовите по клавир на почетокот можат да бидат здодевни, а за учениците кои се досадуваат Денис Р. Фолк, на пример, има идеја, која лесно се имитира. Тој свири качен со нозете на столчето, завртен со грбот кон клавирот, а рацете му се протнати меѓу нозете.

Тој има и друга варијанта на свирење клавир, која е добра за телото и за равој на способноста за координација. Имено, тој прави форма на мост врз клавирот и свири.

Или, пак, една трета варијанта... Нозете му се врз клавирот, главата на столчето, а свири со рацете и задникот без да ги гледа типките. Таа варијанта е добра и за стомачните мускули. А, сепак би било многу поудобно да се свири пијано седејќи... Или барем може да се добие впечаток дека начинот на кој Денис Фолк свири клавир, ако трае подолго, е навистина напорен.

Нека каже кој што сака, ама овој човек е акробат на клавир.

Аудио и видео прилози на оваа тема