1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Стои ли Вашингтон зад турските напади?

Турската армија повторно изврши воздушни и копнени напади на позициите на курската работничка партија ПКК во Северен Ирак. Каква улога игра Вашингот во турската борба против припадниците на ПКК?

default

Турска армија

Најновиот турски воздушен напад, чии вистиснки размери сеуште не се познати се случи шест дена по големата воздушна операција, во која беа нападнати штабовите и камповите на ПКК во Северен Ирак. Најавено е дека во операцијата изведена со разузнавачка помош на САД и се нанесени големи загуби на ПКК.

По посетата на Кондолиза Рајс пред четири дена на Киркугк, американската министерка за надворешни работи во најголема тајност била и во американската база Инџирлик. Иако не е познат целосниот карактер на нејзината посета на базата, се дознава дека меѓу другото целта била координација на разузнавачката соработка со Турција.