1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Стогодишната тетка Илонка се бори за државјанството

Со влезот во Европската унија и на хрватските граѓани во европските држави ќе им биде овозможено стекнување на двојно државјанство. Но еден пример од Словачка покажува дека не е се' така едноставно.

Тетка Илонка никогаш не го напушила регионот во кој е родена. И покрај тоа, во текот на својот живот живеела во 5 различни држави и 5 пати менувала државјанство. Родена е 1912. во местото Варгеде во областа Гемер, тогаш составен дел од Кралството Унгарија. Но во последните стотина години областа Гемер и припаѓала и на Унгарија и на Чехословачка, а денес се наоѓа во Словачка.

Драстични казни и губење на државјанство

Но припадноста на унгарската национална заедница на Илона Тамаш, како што всушност се вика тетка Илонка, цел живот и значела многу. Затоа уште еднаш пред самиот крај на животот повторно сакала да биде и унгарска државјанка. Таа желба и се исполнила. Унгарија имено на припадниците на унгарската национална заедница во странство од 2010 година им овозможува упис во книгата на државјани без поголеми бирократски пречки. Но тогаш во целата приказна, која веројатно би поминала без некоја поголема помпа, се замешала словачката власт.

Ilona Tamas aus der Slowakei

Илона Тамаш на прославата на својот 100-ти роденден

Тетка Илонка пред Божиќ 2011 година добила писмо од полициската управа на Римавска Собота, местото во кое живее и тоа со содржина од која на стогодишната жена и се заледила крвта во вените. Тетка Илока е должна во најкраток рок во најблиската полициска станица да ја предаде својата лична карта и пасош бидејќи е отпишана од книгата на словачки државјани. По првиот шок за Илонка уследила борба за повторен упис во книгата на државјани во која во меѓувреме се вклучил и Европскиот суд за човекови права.
„Јас не сакам да го напуштам својот роден крај. Цел живот живеев со два идентитета: унгарски и словачки. И затоа сакам да бидам државјанка на двете земји“, објаснува Илона Тамаш . Тетка Илонка така станала жртва на законот кој за бесмислен не го сметаат само припадниците на малцинствата кои се најмногу погодени, туку и голем број граѓани на Словачка. Парламентот во Братислава во 2012 година донесе закон според кој граѓаните на Словачка со запишување во книгата на државјани на некоја друга земја, автоматски го губат словачкото државјанство. Во случај на прикривање на другото државјанство се предвидени и дополнителни казни од 3.000 евра. Досега 500 граѓани на Словачка на тој начин го изгубиле државјанството.

Петта колонана Будимпешта

Законот, во тоа се согласуваат и набљудувачите, првобитно беше воведен поради унгарското малцинство и откако од другата страна на границата беше променет на законот за државјанство , од страна на владата на Виктор Орбан, што  алармира голем дел на словачката политичка елита која тој потег на Унгарија го смета како нешто што е насочено против самата Словачка. Многу словачки политичари унгарското малцинство, кое е околу 460.000 припадници, и онака ги сметаат за некој вид „петта колона“ во служба на Будимпешта.
„Една демократска земја не би требало да стравува од тоа дека еден помал дел од населението поседува уште едно државјанство“, вели Бела Бугар, претседател на партијата „Мост- Хид“ (Мост- партија  за соработка) која во парламентот во Братислава го претставува унгарското малцинство. Бугар укажува и на тоа дека словачкиот устав стриктно забранува одземање на државјанство. Поради тоа партијата „Мост“ и започна постапка пред Уставниот суд против спорниот закон.

Горна Унгарија“ камен на сопнување

И додека веќе  година и половина се чека на одлуката на Уставниот суд, со проблемот се позанимава и Европскиот парламент. Владата во Братислава веќе најави дека нема да го менува спорниот закон. Критики има и поради фактот дека самата словачка влада на Словаците во странство од 1997 година им овозможува да земат словачко државјанство така што законот кој тоа исто им го забранува на малцинствата во Словачка изгледа уште поапсурден.

Ilona Tamas aus der Slowakei

Тетка Илонка со своите внуци


Но тој спор всушност покажува колку Словачка и повеќе од 20 години од осамостојувањето тешко се носи со прашањето на малцинствата. 10 проценти од населението во Словачка се Унгарци кои живеат на самиот југ на границата со Унгарија. Тоа подрачје и во неодамнешното минато било постојано спорно. Т.н. „Горна Унгарија“ прво и припаѓала на Кралството Унгарија, а потоа на Чехословачка. Од 1938 до 1945 година се наоѓала под унгарска окупација, па потоа повторно била во Чехословачка и од 1993 година се наоѓа во склоп на Словачка. Иако национализмот кој во 90-тите години го ширеше тогашниот премиер Владимир Мечијар рака на срце е веќе минато, сепак и денес актуелниот шеф на владата социјалдемократот Роберт Фицо дава изјави според кои независна Словачка не е создадена за малцинствата туку за „државотворниот народ“.

Притоа словачките Унгарци како Илона Тамаш имаат многу сторено за Словачка. За својот ангажман на полето на педагогијата тетка Илонка е повеќекратно наградувана а во 2006 година го прими и Златниот медал зазаслуги на Република Словачка. Таа смета дека е целосен апсурд тоа што истата држава која ја наградила сега ја и исфрла од книгата на државјани.