1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Стилијанидис за спорот околу името

Околу нерешениот проблем со името, заменик министерот за надворешни работи на Република Грција, Еврипидис Стилијанидис, вчера на прес-конференција во Дојче Веле оцени.

default

„Грција е најголем инвеститор во ФИРОМ. Вложено е толку многу капитал, што на тој начин се создадени 9.000 нови работни места. Јас бев неодамна во Скопје и сретнав многумина добри колеги. Тие ми рекоа дека невработеноста во северниот дел на земјата се движи околу 38%, додека на југот каде што има повеќе инвестиции, меѓу другото и од грчки претпријатија, таму стапката на невработеност изнесува само 8%. Тоа ја покажува нашата добра волја да соработуваме со оваа земја. Ние како влада истакнавме дека ги поддржуваме нејзните евро-атлантски перспективи. Паралелно со тоа нагласуваме дека во времето додека се случуваат сите тие позитивни настојувања, има смисла да биде најдено и решение за проблемот околу името.

Решението би требало да биде прифатливо за ФИРОМ, но исто така да ја почитува историјата и културата. Тоа би требало да претставува комбинација што ќе ги разликува од една страна географските детерминанти, а од друга страна историските и културните. Практично гледано тоа значи дека ако почнеме да дискутираме врз основа на првиот предлог на Метју Нимиц, можеби би можеле да најдеме заеднички прифатливо решение. Но, најважно е да создадеме заеднички пазар, да ја засилиме соработката и меѓусебните односи, да ги почитуваме европските вредности, како и взаемно да си ги почитуваме културата и историјата и преку терминот што ќе се користи.„