1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Стигна претходницата на ОБСЕ за изборите

Претходницата на 250-те набљудувачи на ОБСЕ на парламентарните избори закажани за почетокот на јули, е веќе во Македонија.

default

Експертско-дипломатскиот тим на ОБСЕ го предводи Одрик Гловер, која денеска се претстави како амбасадор со решителен став. “Наша задача е да ги набљудуваме овие избори, а не да се мешаме“, рече таа. Меѓународната мисија на ОБСЕ веќе 10 години ги следи изборите во Македонија. Амбасадорката Гловер денеска предупреди дека само се набљудува дали партиите предвреме почнале кампања, но сеуште се нема целосна слика за можни индикации за такво нешто.

Инаку, со денешниот шести политички дијалог со партиите, што се изведува континуирано веќе една година, влијателните дипломати во Скопје го завршуваат циклусот на подготвки за следните парламентарни избори. Заедничко и константно предупредување е дека без фер и демократски избори во прашање ќе бидат евро-атлантските аспирации на државата. Тоа денеска го повторија и првиот човек на ОБСЕ во Македонија, Карлос Паиш и американската амбасадорка во Македонија, Џилијан Миловановиќ. Изборни измами би се одразиле врз имиџот и би имале негативни ефекти врз македонските определби за НАТО и ЕУ. Миловановиќ додаде: “Ние не сме глупави. Како ќе бидат избрани пратениците? Ако е со измама, тоа ќе има негативен ефект“.

Според американската амбасадорка, негативна кампања со лаги и обвинувања би ги оддалечило странските инвеститори од Македонија. Британскиот амбасадор во Скопје, Роберт Дикинсон, дојде неопосредно пред лошо организираните локални избори, што во Македонија се одржаа пред две години. Тој денеска говореше за лошите и насилнички организирани гласања, што ги регистрирал непосредно, пред две години:

“И во мојата земја има насилство за време на изборите, но разликата е што во Британија тие веднаш и строго се казнуваат. За да победат нашите аргументи за проширувањето на ЕУ, Македонија треба да одржи фер избори“ рече Дикинсон.

Амбасадорот на ОБСЕ, Паиш, додаде: “Само со такви избори, Македонија може заедно со Хрватска во 2009 година, да го фати возот за ЕУ.“