1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Стејт департментот ја критикува македонската влада

Стејт департментот излезе со остри критики за однесувањето на македонската влада, состојбата во медиумите и меѓуетничките односи во земјата.

Во годишниот извештај на Стејт департментот за состојбата со човековите права во светот се забележува дека најголем проблем во Македонија е што владата не успеала сосема да го спроведе владеењето на правото, што се рефлектира во нејзиното мешање во правосудниот систем и медиумите, селективното гонење на политичките противници и значајното ниво на корупција. Во извештајот се укажува дека тензиите меѓу Албанците и Македонците предизвикуваат загриженост, а исто така и општествената дискриминација на Ромите и другите етнички и верски малцинства.

Во исвештајот на Стејт департментот, САД ја обвинуваат Кина за зголемен број прекршувања на човековите права. Раководството во Пекинг ги заостри цензурата на интернет и постапките против политичките активисти, се вели во годишниот извештај на Стејт департментот за состојбата со човековите права во светот. САД констатираат значително ограничување на слободата на мислење и во Виетнам, а напредок е констатиран во Мјанмар, поранешна Бурма, која како што се вели е „пример што ветува за реформи и во останатите затворени општества“.