1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Стејт департментот за посетата на Самарас

Американскиот Стејт департмент, пред посетата на грчкиот премиер на Вашингтон уште еднаш ја истакна поддршката за напорите во рамките на ОН за изнаоѓање решение за спорот за името меѓу Грција и Македонија

Во пресрет на посетата на грчкиот премиер Андонис Самарас на Вашингтон, како и неговото одбивање на поканата за средба за спорот за името со Македонија, американскиот Стејт департмент имаше куса реакција за прашањето за името.

„Ние ги поддржуваме тековните напори во Обединетите нации предводени од Метју Нимиц. Се надеваме дека водачите на Македонија и на Грција ќе најдат взаемно прифатливо решение на спорот за името што е можно поскоро во интерес на евроатланската интеграција, економскиот просперитет, мирот и безбедноста во регионот“, одговори претставник на Стејт департментот на прашањето на македонската новинска агенција МИА за реакција за одбивањето на Самарас на македонскиот предлог за интензивирање на разговорите за спорот за името.

Обама го одби првичното барање на Самарас за средба на почетокот на јуни, за потоа да најде термин на 8 август, кога Самарас ќе се сретне и со потпретседателот Џо Бајден и државниот секретар Џон Кери. Во најавата на неговата посета, како и во сведочењето на идниот заменик државен секретар за Европа, Викторија Нуланд, како едно од грчките прашања за кое се созреани услови за решавање се наведува спорот со поделениот остров Кипар, но не и спорот со Македонија.