1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Стејт департментот задоволен од мирниот тек на изборите

Американскиот Стејт департмент го поздрави завршувањето на првиот круг на локалните избори во Македонија без насилни инциденти.

„Го поздравуваме завршувањето на првиот круг на локалните избори во Македонија без насилство. Со внимание ќе го разгледаме конечниот извештај на ОДИХР, како и конечното официјално објавување на изборните резултати. Очекуваме објавување на дополнителни информации од разните други набљудувачи и ќе продолжиме одблиску да го следиме изборниот процес и кампањата во пресрет на вториот круг на локалните избори на 7 април“, стои во првичната реакција на Стејт департментот по завршувањето на изборите.

Од Стејт департментот информираат дека Американската амбасада во Македонија, за овој изборен круг, имала 27 набљудувачки тимови низ земјата, а дополнително, набљудувачи од САД биле ангажирани и во тимовите на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.