1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Стефков: Политичките односи со Грција се сложени

Новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Грција, Сашко Стефков, денеска (23.09.2010) пред парламентарната Комисија за надворешни работи ја претстави платформата за дипломатските активности.

default

Атина

Официјална Атина ги блокира евроатлантските интеграции се додека во нашето име стои поимот Македонија, изјави новиот шеф на македонската Канцеларија за врски во Атина, Сашко Стефков. Тој, сепак, потсети дека грчката влада во 2001 година му даде поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија. Грција, исто така, ги ратификува и спогодбите кои се клучни за земјата, но сепак, како што потсети новиот амбасадор, во рекапитуларот на досегашните односи не е за потценување економското ембарго на Грција.

Според Стефков, главните приоритети на македонската Канцеларија за врски во Атина за наредниот период, се градење добрососедски односи со Грција, унапредување на билатералната комуникација и натамошно продлабочување на соработката во економијата.

Сашко Стефков е екс-министер во владите на СДСМ кон средината на 90-тите, а досега беше советник на премиерот Никола Груевски за евроинтеграции.

Автор: Александар Чомовски/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска