1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Стефановиќ: Преговорите се тешки

Во Брисел треба да продолжи дијалогот Белград-Приштина. Шефот на преговарачкиот тим на Србија укажа дека позициите на двете страни и натаму се „оддалечени“.

default

Шефот на преговарачкиот тим на Србија Борислав Стефановиќ

Борислав Стефановиќ за агенцијата Бета од Брисел рече дека „српската страна ќе стори сe‘ да се постигне договор за регионалното претставување на Косово“. Тој додаде дека Србија „останува на позиција“ во регионалното претставување да се најде прифатливо решение, во согласност со Резолуцијата 1244 на ОН. Од постигнувањето договор за регионалното претставување зависи и дали лидерите на ЕУ ќе и‘ дадат на Србија статус на кандидат за прием во Унијата.

Boris Tadic Präsident Serbien

Српскиот претседател Борис Тадиќ

Српскиот претседател Борис Тадиќ вчера изјави дека не може да искаже оптимизам околу доделувањето статус на кандидат за Србија, затоа што вчера решението за проблемот на Косово било „малку подалеку“ во споредба со претходниот ден. Тадиќ нагласи дека не се откажува ниту од Косово, ниту од ЕУ и дека е тоа центарот на политиката што ја води и за која е добиена поддршката од страна на граѓаните на минатите избори. „Овие денови ќе видиме дали таа политика е одржлива или не. Тоа ќе биде и политички тест за мене. Јас по сите преговори и разговори ќе излезам пред граѓаните и ќе го изнесам својот став. Јас не се откажувам“, порача Тадиќ.

Автор: ЕМФ/ бета/ макфакс

Редактор: А. Трајковска