1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Стајнберг: Македонија создава позитивна клима во разговорите за името

САД сакаат да ја видат Македонија што побрзо интегрирана во НАТО и во ЕУ и да се најде решение за спорот за името со посредство на Метју Нимиц, порача американскиот заменик државен секретар Џејмс Стајнберг.

default

Ѓорге Иванов доби пофалби од Стајнберг

Американскиот заменик државен секретар Џејмс Стајнберг на средбата во Њујорк (23.09.2009) со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, изнесе повеќе пофалби за Македонија и надежи за позитивно решение на спорот со името. Заменикот на Хилари Клинтон, како што изјави амбасадорот на САД во Скопје Филип Рикер, кој присуствуваше на средбата, се надева дека двете страни по изборите во Грција на 4 октомври ќе го задржат фокусот на преговарачкиот процес. „Се надеваме дека процесот ќе продолжи штом се формира новата грчка влада и оти двете земји ќе ја искористат шансата и со помош на медијаторот Нимиц ќе постигнат напредок и ќе најдат решение што е можно побрзо“, рече Рикер. САД остануваат подготвени да го помогнат и поддржат процесот.

Стајнберг му честитал на Иванов за позитивната клима постигната во разговорите за името со Грција во изминатите четири месеци од неговиот претседателски мандат. Истакнал дека Македонија работела напорно и направила голем напредок и во исполнувањето на реформите потребни за членство во евратлантските организации, за што има силна поддршка од Вашингтон.

Mazedonischer Präsident Gorge Ivanov und US Vize-Außemninister James Steinberg

Иванов треба да се сретне и со Нимиц

Средба на Иванов со Метју Нимиц

Македонскиот претседател Иванов нагласил дека Македонија искрено сака да се најде решение и постојано е подготвена да разговара за надминување на единствената пречка за нејзината интеграција во НАТО и ЕУ. Ги пренел и македонските очекувања за позитивен извештај од Европската комисија, но и за политичка одлука за почеток на преговорите со ЕУ.

Денеска Иванов се среќава и со медијаторот на ОН Метју Нимиц, како и со Тони Блинкен, советник за национална безбедност во кабинетот на потпретседателот на САД, Џозеф Бајден. Се‘ уште нема потврда за средба меѓу грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани и Хилари Клинтон, како и за средба меѓу лидерот на ПАСОК, Папандреу со поранашниот претседател и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски. Папандреу, кој вчера пристигна во Њујорк, ќе претседава со годишниот состанок на Социјалистичката интернационала, на која ќе присуствува и Црвенковски.

Автор: ЖА/ АТ/ ГМ/миа

Редактор: Александра Трајковска