1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Статуата на Садам падна пред пет години

Крајот на војната во Ирак никогаш не беше официјално соопштен. Затоа, за крај на војната се смета еден симболичен ден - денот пред точно пет години, кога статуата на Садам Хусеин беше урната во центарот на Багдад.

default

9 април 2003 година - пред вклучените камери Ирачани и Американци заедно ја уриваат статуата на Садам Хусеин. Околу три недели по почетокот на ирачката војна американските војници се пробија до центарот на Багдад, а режимот на диктаторот ја загуби конечно контролата врз главниот град.

Дека се‘ ќе оди толку бргу беше изненадување за арапските соседни земји. САД триумфираат, иако Вашингтон истовремено предупредува дека војниците и натаму се во опасност. Вице-претседателот, Дик Чејни: „Во Багдад денеска изутрина бевме сведоци на колапс на владеачкото насилство. Улиците се полни со луѓе кои слават. Дури и ако има гнезда на отпор на силите на режимот, се чини дека тие не се веќе ефективни.“

И, Чејни имаше визија за времето по Садам Хусеин - американските сили треба да останат во Ирак само онолку долго колку што е неопходно: „Се надевам дека луѓето во регионот ќе судат за нас по она што во иднина ќе се случува во Ирак. Сакаме да етаблираме што е можно побргу влада во Ирак која ќе биде способна да дејствува, ќе биде репрезентативна и демократска. Нашите трупи треба да се повлечат од Ирак колку што е можно побргу, ние не сме окупаторска сила.“

Stadtansicht von Bagdad

Багдад

Дека американските војници треба да се повлечат најбргу што е можно потврдува и Џорџ Буш. Тој се обраќа директно до ирачкиот народ: „Сите народи во вашата земја - Курдите, Шиитите, Сунитите и другите, ќе бидат ослободени од страшните прогони. Кошмарот што Садам Хусеин ви го наметна наскоро ќе заврши. Вие сте добар и талентиран народ, наследници на голема цивилизација која придонесува кон светската култура. Заслужувате нешто подобро од тиранство, корупција и соби за измачување. Заслужувате да живеете како слободни граѓани. И, ги уверувам сите Ирачани - наскоро ќе бидете слободни.“

Денес, пет години подоцна - Садам Хусеин е фатен, осуден и смрт и погубен на крајот на 2006 година. Сепак, во Ирак има мрачна слика. САД и нивните сојузници сеуште имаат трупи во земјата со две струи. Од околу 300 илјади војници во рамки на странските трупи, 250 илјади се Американци. Досега се убиени околу 4 300 војници, а проценките за убиени цивили се движат дури и до десетици илјади. А, најавата на Буш, дека веќе нема да има соби за измачување, по обелоденувањето на скандалот во Абу Граиб, каде што американски војници измачуваат ирачки затвореници, е дефинитивно побиена.