1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Старт на учебната година

На почетокот на новата учебна година, стартуваше со настава првата генерација ученици во интегрираното македонско-албанско средно училиште за информатика и информатичка технологија во тетовското село Прељубиште.

default

Стартот на наставата е втора фаза од проектот за унапредување на интеретничката комуникација и толеранција во Македонија. Овој концепт за средното образование, засега единствен во Македонија и веројатно меѓу првите од таков вид и на Балканот, е усвоен со одлуки на донаторот - Владата на Норвешка и на Министерството за образование на Македонија, по успешните резултати од досегашното функционирање на првото интегрирано македонско-албанско основно училиште „Фритјоф Нансен“, во истото населено место.

Овој модел на образование, според претставниците на меѓународната заедница присутни на свеченоста, е не само придонес кон подобрувањето на односите меѓу етникумите во Македонија, туку и кон зацврстувањето на нејзината етничка и политичка стабилност.

Автор: Свето Тоевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска