1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Старт на новата сезона во европските фудбалски купови

Со натпреварите од првото квалификациско коло одиграни вчера стартуваа европските фудбалски купови во новата сезона 2013/2014. Македонскиот претставник Металург загуби од Карабах.

На програмата вчера (02.07) беа два натпревара од Лигата на шампионите и четири од Лига Европа, а на еден од овие четири настап имаше и македонскиот тим Металург, кој загуби на домашен терен од Карабах со 1:0.

На другите три дуели од Лига Европа беа постигнати следните резултати: Слиема - Хазар 1:1, Транс - Гефле 0:3 и Бала - Левадија 1:0.

На двата натпревара од Лигата на шампионите исходот беше: Ширак - Тре Пене 3:0 и Луситанс - Стрејмур 1:1.

Денеска се игра само еден натпревар од Лига Европа: ИФ - Линфилд, додека ќе има уште 33 натпревари. Од македонските екипи, Тетекс го пречекува Пјуник од Ерменија, додека Хоризонт Турново ќе гостува кај Судува во Литванија.